Новиот сингл на Дивље јагоде пред публиката на Пиво-фест во Прилеп

„Zašto ranije nisi došla“ е насловот на вториот сингл на „Дивље јагоде“, кој ќе се најде на претстојниот студиски албум кој е во подготовка. Овој пат се работи за рок балада отпеана во препознатлив стил од Тони Јанковиќ, а текстот и музиката се на Зеле Липовача.



-Искрено, тешко ми е да предвидам колку време ќе биде потребно за оваа песна да биде препознаена како многу други балади што Тони ги отпеал досега, но верувам дека оваа необична балада наскоро би можела да биде рамо до рамо со песни како „Једина моја „Како си топла и мила“, „Криво је море“, вели Зеле.

Песната е снимена во студиото „Шишмиш“ со микс и мастеринг на Зоран Швигир – Швигија, а доби и лирикс-видео, создадено од тимот на Кроација Рекордс.

„Zašto ranije nisi došla“ го најавува новиот албум на Јагоде, планиран да излезе до крајот на оваа година, по што ќе следи и голем концерт во Скопје, на воодушевување на нивните бројни фанови.

Во меѓувреме, меѓу многубројните летни свирки Дивље јагоде ќе настапат и на Пиво-фест во Прилеп, кој годинава ќе се одржи во периодот од 14 до 17 јули.

Рок машината „Дивље јагоде“ не запира и по повеќе од 40 години постоење, а се ближи моментот кога ќе слушнеме и што подготвија на нивниот нов студиски албум.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
П: Како жените ги споредуваат машките пениси?
О: Голем, поголем, таман.
П: Како мажите ги споредуваат своите пениси?
О: Мал, помал, ист како мојот.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби