Бебето од омотот на „Nevermind” го изгуби случајот со „Нирвана“

Американскиот суд ја отфрли и последната тужба на Спенсер Елден против „Нирвана“ поради легендарната корица на албумот на хеви-метал бендот од 1991 година – „Nevermind”, на којашто Елден е сликан гол како бебе.

Елден (31) тврдеше дека неговото појавување на омотот е сексуална злоупотреба на дете. Но, судијата рече дека Елден чекал премногу долго за да тврди дека бил експлоатиран. Тој бараше отштета од 150.000 долари од живите членови на „Нирвана“ – Дејв Грол и Крис Новоселиќ, од вдовицата на поранешниот пејач Курт Кобејн – Кортни Лав, неколку издавачки куќи и од фотографот Кирк Ведл.

„Нирвана“ на насловницата користеше фотографија направена од Ведл 1991 година во Пасадена, Калифорнија САД. Од албумот „Nevermind“, продадени се повеќе од 30 милиони примероци.

Инаку, Елден ја изимитирал, т.е. ја повторил својата поза и за 10, 17, 20 и 25-годишнината од пуштањето на албумот.

Правните патишта на Елден сега се целосно исцрпени, и тој не може повторно да поднесе тужба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби