„Као какао“ на „Леб и сол“ повторно на винил по 35 години

Македонската група „Леб и сол“ во 1987 година го издаде „Као какао“, едно од најзначајните музички дела во екс-југословенската дискографија. По повод 35 години од објавувањето на култниот албум, издавачката куќа „Croatia Records“ го претставува ексклузивното винилно реиздание на „Као какао“. Албумот што остана актуелен до ден денес, повторно е достапен во физичка форма, на 180-грамскиот винил, режан со половина брзина, „half speed“ технологија, во студиото „Abbey Road“ во Лондон, се наведува во денешното соопштение на „Croatia Records“ – Македонија.



– Освен „half-speed“ мастерингот, направен од Мајлс Шоуел, изданието вклучува богата книгичка со фотографии од Георги Христовски, архивски фотографии од „Croatia Records“ и придружни текстови. Иако беше издаден во 1987 година, бендот почна да експериментира со идеи за нов студиски албум неколку години порано. По албумите „Калабалак“ од 1983 и „Тангента“ од 1984, издадени за „Југотон“, следеше „Звучни зид“ од 1986 година, албум со песни што во меѓувреме, беа напишани специјално за театар, филм и телевизијa. Групата, ќе признаат членовите, минуваше низ прилично кризен период од 1985 година, а евентуалниот неуспех на планираното студиско издание, секако ќе означeше распад на уште еден рок гигант, пишува во соопштението.

Како што се додава, за да го максимизира потенцијалот на новиот материјал, бендот во состав на Влатко Стефановски, Бодан Арсовски и Гарабет Тавитјан, одлучува да го покани младиот виртуоз на клавијатури Кирил Џајковски, кој станува постојан член, а покрај него, на снимањето се приклучуваат и саксофонистот Гоце Мицанов, пејачките Беби Дол и Ана Костовска, гајдашот Рони Ватен и перкусионистот Мишко Михајловски.

– Целиот материјал е снимен во познатото „М-2“ студио на Радио-телевизија Скопје, каде меѓу другите снимаше и групата „Бијело дугме“. Албумот „Kao какao“ звучи неверојатно свежо концептуално и продукциски, па дури и според денешните продукциски стандарди е навистина извонреден албум. За звукот на овој албум, меѓу другите, беше задолжен и Братислав Зафировски, кој освен за снимањето, беше заслужен и за миксот, а со Влатко и Бодан ја потпиша и продукцијата на „Као какао“. Со ова издание, „Леб и сол“ го обезбеди статусот на еден од најголемите состави во историјата на нашите простори, пишува во соопштението.

Винилното реиздание на „Као какао“, фановите од државава можат да го нарачаат онлајн, преку веб-продавницата на „Croatia Records“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби