Македонската естрада вибрира на нова „ФрЕкФеНцИјА“ - Sarah Mace со новa песна и видео запис

Што не можат зборовите, можат погледот и допирот, а што не можат ни тие, може музиката. Во ерата во која живееме, каде секој наш чекор е дигитален и очекуван, не би постоела убавината и мистеријата на секојдневието, доколку не би постоела уметноста и музиката. Жедни да се приближиме кон живи, длабоки, ултра-забавни емоции, - и со желба на праг на исполнување, Сара Мејс на јавноста ѝ подари освежувачко транспортирање на една поинаква „ФрЕкФеНцИјА“.



Енергијата, којашто се испреплетува низ стиховите е забавна „мелодична четка“, а вајбот во оваа нова песна и видео запис, е инспирација од колоритните 90ти. Сѐ се движи во ритам на искршен бит, со позитивни вибрации и во фанки расположение. Новата песна на Сара Мејс веќе ја сетира и обојува новата дефиниција за колективниот вајб на забавата и на претстојниот летен период, каде љубовта е дел од секоја насмевка, танц, прегратка.

Музиката и текстот се на Сара Мејс, аранжманот и продукцијата се на Иван Петровски. Видео записот е креативно режисерско дело на Кристијан Шемко, во тим со Томислав Живковиќ, кој стои зад уникатниот сплет на ефекти и колор-корекција. Уникатната кореографија, која совршено е синхронизирана со текстот и мелодијата е осмислена од страна на тимот на Студио Брејк а Лег.

Видео записот, снимен во модерен објект на Компанија Велкоски, е замислен да биде визуелна манифестација на новата песна на Сара, како урбан простор со колоритно фокусирани делови и футуристички предмети на KARE. Истите сами по себе го надополнуваат расположението и „вибрацијата“ во која Сара Мејс го изведува овој нов сингл, во свој препознатлив, а сепак поразличен стил.

Главните креативни умови, за доловување на Сара, како „трансформатор“ на вибрирачки емоции во видео записот, како и на танчерите Андреј Димовски, Елена Цветановска и Ивана Стојановска, - се многубројни. Фросина Ангеловска стои зад изведбата на шминката, а воедно е и во улога на стилист, задолжена за комбинирање на фанки модерни модни парчиња од Magnetik, најмногу од Yamamay, Oltre & Motivi и Студио FRAN за сите комплетни стајлинзи. А секако за дополнување на визуелната магија, „главни виновници“ се и Дарко Петковски од HairHouse за сите фризури, како и Skinfinity за негуваниот изглед и боди шејпинг на Сара.

Македонската естрада дефинитивно вибрира на нова „ФрЕкФеНцИјА“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби