Целовечерен концерт на Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски во Филхармонија

Голем концерт на нашите вонсериски музичари со долгогодишна кариера на интернационалната сцена, Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски, кои по девет години пауза, повторно ќе настапат заедно на сцената на Македонската Филхармонија. Нивниот целовечерен концерт ќе се одржи на 16 февруари со почеток во 19:30 часот, а на програмата ќе бидат авторски композиции и преработки на македонска изворна музика, во едно ново уникатно издание, со интимен карактер и модерна аранжманска структура и изведба.



Извонредниот талент на тројцата врвни претставници на македонската музика одамна ја има својата потврда на светската сцена, а имињата на Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски се запишани и зад едни од најраскошните, маестрални концертни доживувања кај нас. Покрај меѓународниот успех и соработки, како музички уметници и автори, нив ги поврзува безвременоста на музиката која ја создаваат со фантастичен сензибилитет и оригиналноста во нивните беспрекорни изведби.

Во среда, (24 јануари) во 10 часот наутро започнува продажбата на влезниците за концертот, со цени кои почнуваат од 1,200 денари, а ќе бидат достапни во сите продажни места на МкТикетс и онлајн на овој линк.



Дуке Бојаџиев, пијано

Дуке Бојаџиев е македонски композитор на филмска музика и пианист, кој од 2001 година живее и работи во Њујорк. Тој има дипломирано на Медицинскиот Факултет во Скопје, а потоа на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон. Низ неговата интернационална кариера во светот на филмската музика, Дуке има работено со добитници на Оскар како Џонатан Деми и Данис Тановиќ, со Тамара Котевска, Рајко Грлиќ и Столе Попов. Неговата музика е користена за светски кампањи на брендови како „Пежо“, „Ланком“ и „Лореал“, разни светски компилации како „Буда Бар“ и „Маракеш Експрес“. Има работено со артисти како Синди Лопер и Телепоп Мјузик, а има настапувано во светски дворани, меѓу кои Карнеги Хол во Њујорк, Авалон Театар во Лос Анџелес и Античкиот Театар во Охрид. www.dukeb.com

Крсте Роџевски, вокал

Крсте Роџевски е вокалист и гитарист кој повеќе од дваесет години живее и работи во Њујорк. Неговата музичка кариера започна во родната Битола во музичка формација од која подоцна, покрај неговата соло кариера, ќе настанат бендовите Фолтин и Љубојна. Пошироката публика го познава по соработката со Дуке Бојаџиев на неговиот албум „Љубовта е патот“ и филмовите „До Балчак“ на Столе Попов, „Сенки“ на Милчо Манчевски и „Војната заврши“ на Митко Панов. Добрите познавачи на џез/фолк сцената во светот, пак, го познаваат и по неговите шест оригинални авторски објави, издадени за дискографските куќи Much Prefer Records, MOD Reloaded, Point of Entry, и Defkaz, во последнава деценија : „Batania“ (2015), „Bitter Almonds“ (2017), „The Rabbit And the Fallen Sycamore” (2018), „Hubris“ (2020), Fair Weather Friends (2022) и Black Earth (2023).

Исмаил Лумановски- кларинет

Извонредниот кларинетист Исмаил Лумановски е музичка сила на страст и динамична виртуозност. Веќе од меѓународно значење, неговиот синергетски спој на природен талент и обука го комбинира духот на народната музика со дисциплината на класичната музика. Неговите изведби широко ја привлекоа светската критика. Њујорк Тајмс напиша за неговата изведба со Пјер Булез, „солистот - брилијантниот, бестрашен кларинетист Исмаил Лумановски - се усогласи со различни инструментални контингенти на големиот ансамбл“. Лумановски ја имаше привилегијата да настапува како солист со безброј извонредни музичари и оркестри помеѓу кои: Die Deutsche Kammerphilharmonie, The Berklee Middle Eastern Fusion Ensemble, New Juilliard Ensemble, World Youth Symphony Orchestra, Qatar Philharmonie, Lucerne Festival Orchestra, Geneva Camerata, Macedonian Philharmonic Orchestra. Исмаил Лумановски дипломира и магистрира на престижниот „The Juilliard School“.

Концертот се реализира со поддршка од Комерцијална Банка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се оженил Мујо, и прва брачна ноќ. Кога што да види, Фата веќе била еб... порано.
Размислува што ќе прави, затоа што треба сабајлето да го покаже чаршафот со што ќе докаже дека...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1265.- Првпат е свикан англискиот Парламент со...
1327.- Англискиот крал Едвард Втори го принуди...
1649.- Заробениот крал Чарлс Први на крајот на...
1667.- По 13-годишните борби Русија ја порази...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби