Јелена Розга: Чудата не се случуваат додека лежиш во кревет

Јелена Розга, позната по своите врвни настапи и неверојатна харизма со која што владее на сцената, во сабота на 10-ти февруари ќе настапи пред македонската публика во Арената „Борис Трајковски како дел од турнејата „Minut srca mog".



Непосредно пред своето гостување во Скопје, имавме можност да позборуваме со неа и да откриеме интересни детали за нејзината музика, како и за тоа од каде ја црпи својата енергија со која години наназад ги плени слушателите ширум Балканот. Кога ќе ја запознаете, сфаќате дека станува збор за една прекрасна жена, која освен што е убава однадвор, веднаш Ве пленува со својата позитивна појава, скромност, огромна љубов и посветеност кон она што го работи.

За почеток и посакавме топло добредојде и незаборавен концерт.

Твојата турнеја го носи името „Minut srca mog”. Сепак, во едно претходно интервју истакна дека на почетокот не си сакала да ја пееш таа песна. Дали во меѓувреме стана една од твоите омилени песни?

-Што ти е животот...Кога ја добив песната, навистина ми беше здодевна. Но, нештата се менуваат низ годините, сè се менува. Така и јас ја засакав најмногу на свет песната која на прва не ми легна. По неа го нареков акустичниот албум, а потоа и целата турнеја.

За разлика од денешните изведувачи кои објавуваат песна речиси секој месец, ти објавуваш поретко. Од друга страна секоја песна ти е хит, а со тоа е слушана со години. Дали сметаш дека за еден хит е потребно повеќе време, но и упорна работа?

-За сè во животот треба многу работа и многу труд. Најважно е човек да е трпелив. Јас сум мошне стрплива личност и секогаш чекам, знам дека нема да се случи чудо. Чудата не се случуваат додека лежиш во кревет. Треба многу работа. Јас сум некоја која верува, ја сака својата работа и не се откажува. Сонував да направам ваква турнеја, долго работев и размислував како и на кој начин да го изведам тоа и ете сега сме тука. На 10-ти февруари ќе се сретнеме и дружиме во Арената Борис Трајковски во Скопје и ќе го видите она за што јас мечтаев и сонував сите овие години.



Знам дека „Ginem" ти е омилена песна, па морам да прашам која ти е омилена песна од твојата соло кариера?

- Причината поради која сум сега тука со тебе, најверојатно e песната „Bižuterija“. Дали е тоа мојата омилена песна, не! Но, сè се случи поради таа песна. Љубител сум на балади како „Cirkuz“, „Мoje proljece“...Многу ја сакам „Solo igracica“ иако не е балада. Во суштина го сакам сè она што го правевме во мојата соло кариера. Тоа се моќни песни, песни со одлични текстови...Потоа тука се „Roba s greškom“ „Oprosti mala“ „Nirvana“...Пресреќна сум што песната „Razmažena“ им е омилена на сите.

Многу жени се пронаоѓаат во текстовите од твоите песни. Што мислиш за тоа?

-Во последно време сфатив дека кога ги пеам песните како што се „Solo Igracica“ „Moderna zena“ нешто се менува. Јас ги сакам силните жени. Мора да се сакаме себе си, за да нè сакаат и другите. Ако себе си не се цениме и почитуваме, како понатаму? Ако јас те почитувам би било фер и ти мене да ме почитуваш на истиот начин. Нема кој е подобар, кој е побогат, сето тоа се глупости. Сите сме исти од крв и месо. Го дишеме истиот воздух, никој не е подобар или полош. Ги сакам жените кои држат до себе, не мора да се кријат под тон шминка и така се убави. Нивната душа мора да биде убава.



Кога сме кај убавината, важиш за жена со беспрекорен изглед. Би сакала да те прашам која е твојата тајна?

-Мислам дека сè доаѓа од внатре. Пред сè човек треба да е среќен, исполнет...Ако не е, треба да менува нешто, дали околинатa, дали нешто друго...Не пијам алкохол, никогаш не сум ни пиела. Со оглед на тоа дека нашата работа е во трета смена, се трудам што повеќе да спијам, што повеќе да одмарам. Не знам...Мислам дека сум среќна со сè во животот. И јас имам лоши денови, денови кога сум несреќна...Но, убавината произлегува од среќата. Секоја среќна жена е убава жена.

На бината секогаш си енергична и насмеана. Од каде толкава енергија?

Отсекогаш сум била таква. Така е кога нешто сакаш, а јас навистина сакам да пеам. Уживам да создавам и да бидам во студио, да снимам песни. Од 96-та до сега секогаш кога се возам од дома кон студиото, моето срце чука со возбуда.

Знам дека за половина час ќе и дадам нешто ново на публиката. Тоа е неверојатно голема одговорност, а од друга страна тоа е она што ме исполнува. Секоја песна не може да бида најголем мегахит и не треба. Нема цел кога сè во животот оди глатко. Поентата на животот е да се радуваш на нешто, а не сè да ти биде на дофат на раката. Тоа е она што ми дава енергија. Концертите ме исполнуваат. Ме прашуваат дали сум уморна? Да, се разбира дека сум. Физички сум уморна, но психички сум исполнета, јас летам!

За крај на нашето интервју Јелена ни вети одлична забава и незаборавно дружење на нејзиниот солистички концерт.

Доколку сè уште не сте ја обезбедиле својата влезница, можете да го направите тоа онлајн, преку www.efinity.rs, преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места.

С.Велковска
Н.В.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1193.- Умре арапскиот државник и војсководец...
1461.- Во англиската „Војна на ружите“ Едвард од...
1678.- Роден е италијанскиот композитор и...
1789.- Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД....
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби