Леб и сол и Бреговиќ на иста сцена како некогаш

Во далечната 1977 година Леб и сол и Бијело дугме прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза, но не како тогаш на Градски стадион, туку во СЦ „Јане Сандански“, и тоа на големиот славенички концерт на Бреговиќ закажан на 23 март.



Во годината кога се одбележуваат јубилејни 50 години од основањето на легендарните Бијело дугме и на само еден ден после прославата на 74. роденден – Горан Бреговиќ, најголемата рок легенда на балканските простори, ќе одржи концерт во Скопје. Славеничкиот концерт е закажан на 23 март во спортскиот центар „Јане Сандански“, а за загревањето на атмосферата на истиот, баш како некогаш ќе бидат задолжени членовите на Леб и сол.

60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа на „бандата“ на Бреговиќ. Овој настап бил исклучително важен за подигањето на самодовербата на членовите на Леб и сол, кои биле дел и од концертите во Сараево, Нови Сад и белградскиот кој бил своевидно испраќање на Бреговиќ во тогашната ЈНА.

Бреговиќ во Скопје овој пат доаѓа со својот „Оркестар за свадби и погреби” за, како што вели, заедно со македонската публика онака како што доликува да ги прослави двата убави поводи – роденденот и јубилејот.

„Спектаклот нема да изостане и ‘ко не полуди, тај није нормалан’“, вели Брега во својата порака до домашната публика.

Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје може да се купат преку https://www.kupikartizase.com  и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1.200 денари за партерот, 1.800 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1.400 и 1.800 денари, додека влезницте за вип делот се 2.500 денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби