|
|
|
„Ептен Љубовна“ - свежо музичко остварување во изведба на Игор Џамбазов feat. Sarah Mace & The GirlzzВчеравечер, на YouTube каналот на Сара Мејс, премиерно беше објавен видеоспотот за најновото музичко остварување „Ептен Љубовна“ во изведба на Игор Џамбазов и Сара Мејс & The Girlzz. Оваа песна е плод на музичката креативност на големиот уметник и шоумен Игор Џамбазов, кој ги креираше музиката и текстот, а ја изведува заедно со Сара Мејс и вокалниот состав The Girlzz, составен од Калина Велковска, Ана Петановска и Теа Богатинова.

Аранжманот на песната е дело на Гуру Харе, кој додаде свои уникатни музички елементи, додека вокалниот аранжман за девојките е подготвен од Теа Богатинова, која внесе хармонија и изразност во нивните гласови. Спотот, снимен на неколку автентични локации низ Скопје, е режиран од Борјан Стојков, кој успева да ја пренесе суштината на песната во едно слатко сценарио. Оваа уникатна музичка колаборација донесува специфичен пристап во љубовните теми и на симпатичен начин ја прикажува љубовта од поинаква перспектива.
Со „Ептен Љубовна,“ Игор Џамбазов заедно со Сара Мејс & The Girlzz внесуваат нова енергија и креативност на македонската музичка сцена, демонстрирајќи дека музиката не претставува само израз на длабоки емоции, туку и извор на насмевки и забава и за отсликување на несекојдневните животни ситуации. Со својот свеж пристап, тие умешно ја комбинираат лириката и хуморот, што резултура со уникатна музичка композиција за уживање.
„Песнава ја пишував во етапи. Пишувана е за неколку жени. Една вистинска, една лажна и неколку замислени. Затоа и се вика ептен љубовна... многу љубов има вложено во неа. Уживајте!“, напиша Игор Џамбазов на својот Instagram профил по објавата на новата песна.
„Ептен Љубовна“ е оригинално музичко парче кое ветува дека ќе допре до срцата на слушателите. Погледнете го видео-спотот на YouTube каналот на Сара Мејс и уживајте во оваа единствена комбинација на хумор, талент и инспирација.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Разговор пекаде на Балканот: "Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?" "Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
|
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|