Lady GaGa собра четири награди на MTV EMA 2011

Lady GaGa синоќа во Белфаст го потврди својот статус на прва дама на поп музиката за време на доделувањето на MTV EMA 2011, освојувајќи четири награди на настанот ги собра ѕвездите во Odyssey арената.

GaGa триумфираше во категориите Најдобар женски изведувач (Best Female), Најдобра песна (Best Song) и Најдобар спот (Best Video), како и во категоријата Најголеми обожаватели (Biggest Fan) – потполно нова награда која го слави уметникот со најпосветени фанови.

Џастин Бибер, Бруно Марс и Thirty Seconds to Mars освоија по две награди. Поп феноменот Бибер ја однесе наградата за најдобар машки изведувач (Best Male) и Најдобар поп изведувач (Best Pop). Thirty Seconds to Mars се наградени во категоријата Најдобар алтернативен изведувач (Best Alternative) и Најдобар World Stage настап (Best World Stage), а Бруно Марс брилијантната година ја круниса со победа во категориите Најдобар Push (Best Push) и најдобар нов изведувач (Best New).

Екстатичниот корејски бој бенд Bigbang приреди изненадување на доделувањето, освојувајќи ја првата досега доделена награда Best Worldwide, при што победија некои од најголемите светски ѕвезди. Еминем го повтори триумфот од 2010 година освојувајќи награда во категоријата Најдобар хип-хоп изведувач (Best Hip Hop), а Кети Пери за своите неверојатни настапи во живо ја доби наградата Најдобар изведувач во живо (Best Live). Linkin Park беа популарен избор во категоријата Најдобар рок (Best Rock).

Над 8.000 фанови ја следеа драмата која се одвиваше во Odyssey арената во Белфаст, додека најголемите светски изведувачи ги изведуваа своите возбудливи настапи во живо, меѓу кои Џастин Бибер, Дејвид Гета, Lady GaGa, Бруно Марс, Coldplay, Red Hot Chili Peppers, Џеси Џеј, LMFAO, Snow Patrol и Queen.

Британските рокери Coldplay го отворија доделувањето со енергичната изведба на песната Every Teardrop is a Waterfall, додека високиот глас на Lady GaGa во песната Marry the Night, која ја изведе пред џиновска скулптура од Месечина, ја воодушеви публиката. Тинејџерската ѕвезда ги расплака сите со Under the Mistletoe која премина во Never Say Never. Дејвид Гета ја запали Odyssey арената со својот спектакуларен микс, во кој учествуваа Ludacrisa, Taio Cruz и Џеси Џеј.

MTV ги искористи сите можни сценски трикови за да го оживее доделувањето на MTV EMA 2011 – од ласери, LED светла, проекции, димни ефекти, џиновски реквизити, пуштање балони, монисти, сув мраз до неверојатни костуми, настојувајќи да создаде достојни сценографии за настапите на изведувачите. Некои од најдобрите моменти на вечерта беа: британската пејачка Џеси Џеј која „излета со експлозија“ од огромниот банкарски сеф, пуштањето балони за време на емотивната изведба на песната Marry You на Бруно Марс. Американските елетро-хоп генијалци LMFAO ја натераа целата публика да скока на Party Rock Anthem, додека групата и нивните танчари на сцената прикажаа виртуозна изведба на својот заштитен знак, „shuffle“ танцот кој заврши со танцувачки робот.

Во најнежниот момент Џеси Џеј упати трогателен поздрав до покојната Ејми Вајнхаус, во облик на видео трибјут од скршените фанови на пејачката.

За првпат на доделувањето на MTV EMA наградите во шоуто беа вклучени два надворешни настана: локалните херои Snow Patrol разиграа над 15.000 фанови на спектакуларната отворена сцена подигната пред историската зграда City Hall, додека Red Hot Chili Peppers ги почестија своите фанови со интимен настап на култниот Ulster Hall.

Рок легендите Queen, на кои Кети Пери им ја врачи наградата Глобална икона (Global Icon), го затворија шоуто со триумфален настап, запалувајќи ја салата со фантастичен микс хитови од нивната неверојатна музичка кариера. На ветераните од Queen, Брајан Меј и Роџер Тејлор им се придружи ѕвездата од Американскиот идол Адам Ламберт како глас на музичкото патување низ нивните најголеми хитови, вклучувајќи го The Show Must Go On, We Will Rock You и We are the Champions.

Водителката на доделувањето на наградите EMA, Селена Гомез ја воодушеви публиката со својата смисла за хумор. Посебно забавни беа скечевите и триковите, бидејќи Гомез комуницираше со своето видео алтер его од џиновските екрани, а во еден момент го имитираше откачената смисла за мода на Lady GaGa. Ѕвездата на филмот Monte Carlo исто така во паузата од своите водителски должности ги изненади своите фанови со прекрасната изведба на својот хит Hit the Lights со придружба од својот бенд The Scene.

Гости презентери на шоуто беа Дејвид Хаселхоф, Кети Пери, Ејми Ли од Evanescence, актерката Хајден Пенетиер, супер моделите Бар Рафаели и Ирина Шајк, ѕвездата WWE Sheamus, актерот Вилијам Морисеј, ѕвездата на Jersey Shore Никол Снуки Полизи и Џени „JWOWW“’ Фарлеј, Адам Ламберт и ѕвездата на Awkward Ешли Ричардс и Џамар Варнер и Трејси Елис Рос од Reаd Between the Lines.

Доделувањето на 2011 MTV EMA се емитуваше на потенцијална публика од над 1,2 милијарди луѓе преку MTV глобалната мрежа од 60 канали.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби