Триумф и среден прст за конкуренцијата

Соул пејачката Адел триумфираше на синоќешното доделување на британските музички награди Brit Awards во Лондон и ја воодушеви публиката со фантастичната изведба на хитот „Rolling In the Deep“.

Адел на почетокот на доделувањето ја собра статуетката за најдобра британска пејачка, а крајот од двочасовното телевизиско шоу го заклучи со наградата за албум на годината „21“.

Во меѓувреме, пејачката ги воодушеви присутните во O2 Арената во Лондон со соло изведбата, со што докажа дека нејзиниот глас е потполно опоравен од операцијата на гласните жици поради кои кон крајот на минатата година мораше да откаже дел од турнејата.

Адел кон почетокот на месецов ја отпеа истата песна на доделувањето на Grammy Awards, кога дома си замина со вкупно шест награди.

Единствена награда која не ја освои од трите номинации е онаа за најдобра песна, која отиде во рацете One Direction за изведбата на „What Makes You Beautifull“.

- Ништо не ме прави погорда од тоа што дома се враќам со шест Grammy, а потоа доаѓам на Brit Awards и ја освојувам наградата за најдобар албум. Горда сум што сум Британка и што во овој момент сум со вас, изјави Адел при примањето на наградата, притоа покажувајжи го средниот прст кога водителот се обиде да и го прекине говорот.

Иако режисерот на шоуто успеа на брзина да го исече овој дел, сепак гледачите успеаја да го забележат инцидентот. Младата пејачка потоа им се извини на фановите велејќи дека средниот прст не бил наменет за нив, туку за „костумисаните“ кои ја навредувале.

Групата Blur, кои владееја со британската поп сцена во 90-те години на минатиот век, откако го добија признанието за животно дело, го завршија шоуто со некои од своите најголеми хитови како што се „Girls and Boys“, „Song 2“ и „Park Life“.

На свеченоста се прикажани видеофилмови во чест на американската суперѕвезда Витни Хјустон, која почина во пресрет на Brit's, како и на британската пејачка Ејми Вајнхаус, која во јули минатата година беше пронајден мртва во својот дом во Лондон.

Изведувачот кој годинава заработи најмногу номинации, 24-годишниот Ед Ширан, ги освои наградите за најдобар британски соло пејач и хит на годината „The A Team“.

Ријана, која втора година по ред е избрана за најдобра интернационална пејачка, заслужено го доби громогласниот аплауз за енергичната изведба на својот хит „We Found Love“.

- Во времето кога бев несфатена, моите обожаватели ме потсетија дека е ОК да се остане свој, изјави Ријана при примањето на признанието.

Лана Дел Реј, позната по хитот „Video Games“, ја освои наградата за дебитант и меѓународен хит на годината.

Foo Fighters се прогласени за најдобра група, Coldplay за најдобар британски бенд, а Бруно Марс ја освои наградата за најдобар интернационален пејач.














Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби