Пред големото финале на Песна на Евровозија 2012

Калиопи со „Црно и бело“ во топ 5?

Пред два дена изборот за Песна на Евровизија го прослави 57-иот роденден. Токму на 24. Мај во Лугано, Швајцарија се одржа првиот избор на кој учествуваат седум држави: Белгија, Луксембург, Холандија, Франција, Германија, Италија и победникот Швајцарија.

Вечерва во 21 часот по централно европско, односно на полноќ по локално време, во Баку ќе започне големото финале на годинашниот избор за Песна на Евровизија. Како и на двете полуфинални вечери, во шоуто ќе биде ангажирана техничка екипа од 800 професионалци и илјадници волонтери. За нас во Македонија највозбудлив момент ќе биде редниот број 22 кога на сцената треба да настапи Калиопи со „Црно и бело”. По редниот број 2 во полуфиналето, овој број стана синоним за Македонија.

Еве го редоследот за изведба на сите земји финалисти: Обединетото кралство, Унгарија, Албанија, Литванија, Босна и Херцеговина, Русија, Исланд, Кипар, Франција, Италија, Естонија, Норвешка, Азербејџан, Романија, Данска, Грција, Шведска, Турција, Шпанија, Германија, Малта, Македонија, Ирска, Србија, Украина и Молдавија.

Пред финалето вчера се одржаа две генерални проби. Втората се пренесуваше во сите 42 земји учеснички. По неа, петочлено стручно жири од секоја држава ги испрати гласовите кои по вечерашното финале ќе бидат додадени на оние од телевоутингот во сооднос 50-50% по што ќе биде прогласен победникот.

Пред големото финале на програмата е последната генерална проба.

Јасно е дека формула за успех и за победа не постои. Кога станува збор за Евровизија се е можно и изненадувањата се составен дел од најголемата музичка манифестација. Со цел да ја подигнеме тензијата и да направиме повозбудлива атмосфера, ИДИВИДИ прогнозира која земја би можела да победи и кои земји заслужуваат ТОП 10 пласман.

Годинашнава Евровизија во најголем дел поминува без изненадувања, па така победник веројатно ќе биде држава која веќе еднаш има победено. Според квалитетот на песната, интерпретацијата и сценскиот настап, Италија, Шпанија, Шведска и Србија се фаворити за победа. Во вториот круг на фаворите се: Германија, Обединетото Кралство, Естонија, Албанија, Кипар и Македонија. Еве зошто:

ИТАЛИЈА

Нина Зили-„L’Amore e femmina”. Нина во моментов е многу актуелно име во Италија и во Европа. По победата на Сан Ремо го подготвува новиот албум кој носи наслов исто како и евровизиската песна. „L’Amore e femmina”е динамична песна има заразен ритам и одлично одговара на вокалот на Нина. Ја пее на италијански и англиски јазик. Комбинација е на соул, џез и поп што како музички стилови допира широка публика. Италија чека трета победа од 1990 година.

„Се радувам што учествувам на Евровизија. Уште како мала го следев изборот и сакав еден ден да настапам. Желбата ми се оствари. Во Баку се е одлично има убава атмосфера и се дружам со сите. Со пласман не се оптоварувам, иако сакам да ја донесам Евровизија во Италија”.

ШПАНИЈА

Пастора Солер-„Quedate conmigo”. Годинава Шпанија има еден од трите најквалитетни вокали на Евровизија. Пастора е многу познат изведувач во Шпанија, посебно на фламенко. Доаѓа од Севиља и во себе го носи немирниот темперамент на Андалузија-срцето на Шпанија. Иако пее балада, тоа се чувствува во нејзината интерпретација. Вакви љубовни песни поминуваат кај стручно жири и публиката. Шпанија чека трета победа од 1969 година.

„И во Шпанија и овде имам целосна поддршка од мојот тим, јавноста и од медиумите. Свесна сум дека сум една од фаворитите, но доколку победиме не знам дали заради финансиската криза ќе можеме до година да ја организираме Евровизија. Сепак, ќе дадам се од себе да ја претставам Шпанија во најдобро светло”.

ШВЕДСКА

Лорен-„Euphoria”. Според обложувалниците, 28-годишната Лорен која по потекло е Мароканка е фаворит бр. 1 за победа. Песната која ја следи впечатлив сценски настап веќе е голем хит низ Европа. Има модерен музички израз, актуелна е и кореспондира со светските трендови. Единствена забелешка е фактот што звучи премногу модерно за Евровизија и не сум сигурен дека на стручните жирија тоа во целост ќе им се допадне. Шведска чека четврта победа од 1999 година.

„Иако некои мислат дека мојот настап е мистериозен, јас би рекла дека тоа не ми беше идејата. На сцената јас сум тоа што сум. Секогаш кога работам се фокусирам на нештата и се изолирам од се околу мене. Тоа се однесува и на моите очекувања, Сцената овде е совршена. Огромна е и во средината има мало парче на кое стојам јас и мојата личност”.

СРБИЈА

Жељко Јоксимовиќ-„Није љубав ствар”. За миленикот на македонската публика знаеме многу работи. Непознато е само колку поени вечерва ќе му додели Македонија. Со баладата во етно стил, Жељко ќе се обиде по втор пат(првата победа беше во 2007. година) да ја донесе победата во Србија. Има „евровизиска” песна(микс на урбано и етно) која сигурно поминува кај стручното жири и публиката. Србите без многу помпа работат на случајот „победа” за што сведочи големата забава која ја проредија во Хилтон хотелот во Баку.

„Задоволен сум од настапот во полуфиналето. Имаме победничка песна и ме радува што се повеќе луѓе тоа отворено ни го кажуваат и не поддржуваат. Ова е моја последна Евровизија како изведувач и би сакал да ја паметам по нешто навистина исклучително”.

Германија со „Standing still” на Роман Лоб и Обединетото Кралство со „Love will set you free” на Енглберт Хампердинг ќе атакуваат на третата, односно шестата победа. Во кругот на фаворите се и: От Лепланд со „Kuula” од Естонија, Иви Адаму со „La la love” од Кипар, и Рона Нишлиу со „Suus” од Албанија.

Калиопи со „Црно и бело” има реални шанси за пласман меѓу првите пет земји. Поседува еден од најдобрите вокали, забележлива е и барана е од медиумите. Позитивните коментари доаѓаат од сите страни. За тоа сведочат коментарите на фановите и на дел од учесниците. Бугарската претставничка Софи Маринова која не се пласира во финале во телевизискиот дневник јавно повика Бугарите да гласаат и да ја поддржат Калиопи.

ИДИВИДИ константно ја поддржува Калиопи и веќе истакна дека Македонија ненаметливо се повеќе се наметнува како квалитетен и издржан кандидат.

Еве што таа изјави на прес конференцијата по втората полуфинална вечер:

„Мојата радост и задоволство се уште поголеми кога знам дека сите во Македонија се горди и радосни. Многу сум среќна што и мојот син Пако ми испрати порака во која ми честиташе на успехот. Убаво е кога во живо преку музиката ги разменуваме емоциите и позитивните моменти”.

Го пренесуваме краткото интервју дадено за Македонското радио:

Пред изборот рековте дека немате очекувања. Дали и пред финалето ставот Ви е идентичен?

Да. Убаво се чувствував пред настапот бев опуштена и сакам тоа чувство да го имам и понатаму. Реков дека не се оптоварувам со пласман. Имав надеж Македонија да ја доведам во финале и успеав во тоа.

Дали за настапот во финалето ќе имате некоја промена во однос на сценскиот настап и интерпретацијата?

Не. И во финалето сакам да влезам опуштена и концентрирана на тие три минути. Сакам убаво да се чувствувам и убаво да ги осетам на сцена моето срце и душа. Повторно емоциите ќе бидат тие кои ќе ги испратиме на допрат до сите.

Без оглед на пласманот, песната „Црно и бело” е уште еден хит кој ќе се памети и кој веќе ја одбележува кариерата на Калиопи.

Затоа, уште еднаш ИДИВИДИ ја испраќа својата поддршка и стега палци за Калиопи и Македонија. Порачуваме истото да го направите и Вие почитувани читатели, каде и да сте!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби