По изборот за Песна на Евровизија 2012

Калиопи! Ти благодариме за еуфоријата!

Како што веќе пишуваше ИДИВИДИ, 57-от избор за Песна на Евровизија во Crystal Hall во Баку помина речиси без изненадувања. Лорен со „Euphoria” за која доби 372 поени и ја донесе четвртата победа на Шведска. Таа следи по победите на: АBBA(1974), Карола(1991) и Шарлота Нилсон(1999). Како што се виде во директниот пренос, првата честитка за Лорен дојде од нашата Калиопи.

Во првата изјава по победата, Лорен изјави: „Ви благодарам на сите за се! Ова го направивме сите заедно, вие кои гласавте за мене и јас на сцената. Навистина ве сакам!”.

Иако песната беше наш фаворит број 3 и мислевме дека е премногу модерна за Евровизија, се покажа дека и публиката и стручните жирија кои гласале за неа сакаат нешто ново, модерни и во тренд со топ листите.



Македонија може и треба да ја слави нашата евровизиска еуфорија. За тоа е заслужна целата екипа и посебно извонредно моќната и со емоции набиена интерпретација на Калиопи на „Црно и бело” која ни го донесе 12-тото место со освоени 71 поен. Со овој пласман, Македонија го повтори досега најголемиот успех од Атина 2006 кога „Нинанајна” на Елена Ристеска исто така заврши на 12-тото место. Според бројот на поени, засега најмногу, 74 има добиено Каролина Гочева во Хелсински 2007, но заврши на 14-тото место.

Синоќешната финална вечер на изборот за Песна на Евровизија беше спектаклуларна повеќе за очи отколку за уши.

Настапија 26 земји, а конечниот пласман е следен: 1.Шведска 372, 2.Русија 259, 3.Србија 214, 4.Азербејџан 150, 5.Албанија 146, 6.Естонија 120, 7.Турција 117, 8.Германија 110, 9.Италија 101, 10.Шпанија 97, 11.Молдавија 81, 12.Македонија 71(заради две 12-ки од БиХ и Србија), 13.Романија 71, 14.Литванија 70, 15.Украина 65, 16.Кипар 65, 17.Грција 64, 18. Босна и Херцеговина 55, 19.Ирска 46, 20..Исланд 46, 21. Малта 41, 22. Данска 21, 23.Франција 21, 24.Унгарија 19, 25. Обединетото Кралство 12, 26.Норвешка 7.

Годинашнава Евровизија не изобилуваше со спектакулрани настапи. Сепак, за издвојување се настапите на: Кипар, Франција, Украина, Ирска и Украина.

Во однос на гардеробата и стилот, исто така немаше нешто невообиаено, односно се беше во склад со песните. Уште еднаш упатуваме комплименти за стилот и изгледот на Калиопи. Во тој контекст, за издвојување се и претставниците на: Шпанија, Кипар, Италија, Азербејџан, Франција, Молдавија и Албанија.

За прв пат во историјата на Евровизија, таканаречената „Green roоm” се наоѓаше централно во гледалиштето пред самата сцена. За оваа инвентивност заслужен е Флориан Вебер-дизајнер на сцената кој за неа употреби 1300m2 лед екрани. Евровизијата во Баку ќе се памети по 20-илјадната публика во Crystal Hall и по над 120 милиони телевизиски гледач ширум светот. На неа настапија настарата и најстариот учесник. Тоа беа 76-годишните Наталија Јаковлевна Пугачова од Русија и Енглберт Хампердинк од Обединетото Кралство.

Треба да се истакне петтото место на Албанија кој е досега нивен најдобар пласман. Пријатно изненадија: Турција и Молдавија, додека многу повисок плсман очекувавме за Италија, Шпанија, Кипар и Обединетото Кралство.

Шведска, Србија и Естонија веќе прогнозиравме дека високо ќе се пласираат што на крајот и се потврди.

Останува дилемата дали Македонија можеше и заслужуваше повисок пласман. Реално да, со оглед на настапот девете вечери, но со оглед на околностите од пласманот треба да бидеме задоволни.. Некој ќе рече гласањето е политика и е по принципот „на ти го, дај ми го”. Тоа донекаде е точно, но исто така е точно дека ако сакаме повисок пласман треба уште повеќе да се ангажираме во промовирање на нашиот следен претставник и неговата песна. Убаво е што годинава освен на англиски, песната „Црно и бело” беше снимена и на руски јазик. Многу повеќе треба да ги анимираме скандинавските и западно-европските земји со цел да гласаат за нас. Затоа, не е на одмет следниот наш претставник освен на англиски и српско-хрватски да сними француска, германска, шведска или турска верзија на песната.



Следниот 58-ми избор за песна на Евровизија ќе се одржи на 14, 16 и 18 Мај во Стокхолм. Според најавите, место на случување ќе биде Глоуб арената која во во 2000 година веќе беше домаќин на изборот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби