Бајага вечерва ќе го отвори Пиволенд 2012

Вечерва со почеток во 18 часот официјално стартува петтото издание на “Пиволенд 2012“.

На првата вечер на петтиот по ред Пиволенд , по долгогодишна пауза, ќе настапи македонската музичка група “Ласт експедишн“ , како и легендарната група од поранешните југословенски простори “Бајага и инструктори“.

Пане Темов од Здружението на граѓани за развој на културниот туризам –Пиволенд од Скопје, на прес конференција истакна дека и годинава во рамки на одржувањето на фестивалот ќе бидат воведени некои новитети како што се: економско пиво што ќе чини само 50 денари, осум штандови со гурманска понуда во еден агол, како и Happy Sunday, кога на последниот фестивалски ден, односно во недела сите пива ќе чинат 50 денари. Темов посака годинава бројот на посетители да се зголеми барем за уште 40 отсто.

На паркингот пред СРЦ “Борис Трајковски“ што ќе биде специјално опремен за овој настан, влезот ќе биде бесплатен за сите посетители, пиваџии, гурмани, фанови и журкаџии, а на двете музички сцени, во петте вечери ќе настапат околу 30-тина музички солисти, ди-џеи, артисти и бендови, меѓу кои од популарните музички имиња, пред македонската публика ќе се претстават и Елементал и Баилдса.

На листата артисти коишто ќе настапат на Пиволенд се приклучуваат и култниот Рамбо Амадеус, македонските поп рок херои Нокаут и новосадската група Драм ен зез, Литл Џо, Памперс, Севдах Бејби, С.А.Р.С, Ај Кју и уште многу други.

Журките ќе почнуваат во 18 часот, ќе траат до 01 часот, додека во петок и во сабота времето за забава ќе биде продолжено, па посетителите и љубители на најстариот пијалак на светот ќе можат да дегустираат пивски брендови и да уживаат во музиката и до 04 часот по полноќ. На денс арената годинава ќе преовладува македонската електронска сцена, па така пред публиката ќе настапат познати македонски ди-џеи.

Во продолжение, официјалната програма на овогодинешниот “Пиволенд 2012“.

Среда, 29-ти Август 2012

• Bashoski 18:00 - 19:00
• Shine 19:00 - 19:45
• Eye Cue 20:00 - 20:40
• The John 20:55 - 21:40
• Last Expedition 21:55 - 23:05
• Бајага & Инструктори 23:20 - 01:00

Четврток, 30-ти Август 2012

• Bony Coxy 18:00 - 19:00
• Trust us 19:25-20:25
• Памперс 20:40- 21:25
• Нокаут 21:40 - 22:40
• Ареа 22:55 - 00:00
• Sevdah BABY LIVE PA w/Djixx 00:15 - 01:30

Петок, 31-ви Август 2012

• Филип Славковски 18:00 - 19:00
• Proces 19:15- 20:15
• PPS 20:30 - 21:40
• Glavni Sokak 21:55 - 23:00
• Drum ‘n’ Zez 23:15 - 00:15
• Рамбо Амадеус 00:30 -01:45
• Скандал Састаф 02:00 - 03:30

Сабота, 1-ви Септември 2012

• Петар Антевски 18:00 - 19:00
• Triad 18:40 - 19:25
• Negative 19:40 - 20:45
• Bjelo Dugme Real Tribute 21:00 - 22:10
• Elemental 22:25 - 23:35
• Baildsa 23:50 - 01:00
• Агушеви 01:10 - 02:20
• ДЈ Славе 02:30 - 03:30

Недела, 2-ри Септември 2012

• DJ Ilich 18:00 - 19:00
• Funk Shui 19:00 - 19:45
• PM 20:00 - 21:05
• S.А.R.S. 21:20-22:45
• Riblja Corba 23:00-01:00



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби