Тоше: Ѕвездата која продолжи да блеска

Пред пет години на овој ден Градскиот стадион ечеше од стиховите на нашиот Тоше Проески. „Никој како тебе не бакнува“, „Малечка“ „Цреша“, „По тебе“ и ред други песни ред се редеа пред македонската публика, а таа еуфорично се соживуваше со својот музички идол кој секогаш откинуваше парче душа и безрезервно им ја подаруваше на своите настапи.

Година подоцна, истиот стадион, истите песни, но без Тоше. Многу болка, многу тага и солзи кои за некои се уште остануваат непресушени.

Велат „не плачи по оној што си го загубил, туку радувај се поради сите убави мигови што си имал можност да ги поминеш со него“.

Ние имавме можност да го запознаеме Тоше, да се заљубиме во неговите песни, да живееме со неговите рефрени и да посведочиме за неговиот талент, како и за посветеноста и желбата да им помогне на сите оние кои имаа потреба од тоа.

Токму затоа неговата ѕвезда и понатаму останува да блеска на нашето музичко небо. Спомените се чуваат во срцата, а Тоше со право го заслужи своето место во илјадниците срца кои и понатаму уживаат во неговата музика.

Под мотото „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, вечерва од 19.30 часот на плоштадот „Македонија“ќе бидат одбележани пет години од неговиот последен концерт. Предвидено е емитување на видео спотови на Тоше, концертни настапи, а ќе биде прикажан и видео запис кој до сега не е емитуван за јавноста.



Затоа резервирајте ја оваа октомвриска ноќ за Тоше и дојдете заедно да ја исполниме неговата желба, секоја година на овој ден да ги пееме неговите песни и да и се радуваме на неговата музика.

Н.В



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби