
Душан Љубисављевиќ, од популарното дуо „Дуле и Коки“, почина денеска во Клиничкиот центар во Скопје.
Дуле во саботата бил хоспитализиран во многу тешка здравствена состојба, која во меѓувреме се подобрила. Неговата состојба се влошила денеска.
Штипјаните Дуле и Коки (Никола Јанков) пред дваесеттина години како студенти формираа дуо со кое на македонската забавна сцена донесоа многу песни меѓу кои и нивниот хит „Виолина и гитара“ со кој победија на Макфест