Совршенство кое постави високи граници: Луѓе од 16 до 66 години се забавуваа во Скопје

Автор: Бојан Бошковски

Синоќа во преполната сала во СРЦ Кале во Скопје 5 илјади луѓе играа и пееја на музиката на легендарниот рок бенд Simple Minds.

Овој славен британски бенд дојде во Скопје во склоп на турнејата на која тие ги присетуваат своите фанови на најголемите хитови на рок составот кој во историјата е заведен како Шкотска рок гордот.

Од самиот почеток и Broken Glass Park, Simple Minds ги везеа хитовите кои ја воодушевуваа публиката како 'Mandela Song', 'Let There Be Love', 'Glittering Prize', 'Promised You A Miracle', 'Someone Somewhere In Sommertime', како и легендарните Don't you (forget about me) и Alive and Kicking на бис. Освен некоја минута пауза по еден час свирка, Џим Кер и момците издржаа два ипол часа, а совршена поддршка за време на целиот концерт беше екстра расположената скопска публика. Кога сме кај публиката мораме да напоменеме дека одамна на концерт и на едно место не сме виделе луѓе од најразлични генерации од 16 па до 66 како заедно играат и се забавуваат.

Освен силната енергија, Шкотите воодушевија со својот квалитет и совршеност којa можеме да ја видиме само на светските концерти кои се даваат на музичките канали. Песните, кои иако бројат 30-на години, звучеа и понатаму свежо, со малку доза на евергрин шмек, поради кој публиката навистина уживаше.

Simple Minds со години привлекоа широка фан база, уште од времето на мртвата трка со U2 за приматот на глобалната рок сцена. Иако одамна попуштија и во текот на 90-те му дозволија на Боно и неговиот легендарен бенд да ги полнат светските стадиони, Џим Кер и друштвото решија да останат на помалите сали и поинтамната свирка, која и тоа како добро пали.

Како прв голем бенд оваа година, Simple Minds поставија високи стандарди за следните музички гостувања во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби