Тоше е Тоше, а јас сум само Дани!

Во неделата бевме сведоци на еден момент кој се запиша во историјата! Македонец, кој целиот живот се обидувал да се издигне благодарение на неговите гласовни способности, конечно заслужено победи во најголемото балканско музичко шоу X-Factor!



Луѓе од цела Македонија, па дури и од Србија гласаа за него со цел тој да победи! Речиси целата „Комбанк Арена“ врескаше секогаш кога Даниел настапуваше, а кога Жељко го праша дали би останал во Белград и Даниел одговори потврдно, публиката буквално „збесна“!

Ние успеавме на кратко да му поставиме неколку прашања, а тој и покрај еуфоријата искрено и низ солзи го сподели она што му лежеше на срце.



- Многу сум среќен и возбуден...Не ми текнуваат зборови...го чекав овој момент кога мајка ми и татко ми ќе бидат горди...Се чувствувам многу добро, беа првите зборови на Даниел.

Кои се твоите идни планови?

- Прво, сакам да се соземам од победата и да одморам барем два дена. Да се видам со моите родители, кои вечерва се тука и се горди на мене. Јас верувам дека еден ден ќе стекнам светска кариера.



Речиси сите победници на овие музички шоуа завршуваат со неколку песни и потоа ги снемува. Дали и ти ќе си го дозволиш тоа?

- Веќе имам создадено тим на луѓе со кои ќе работам и кои ќе бидат тука за мене 24 часа. Нема никогаш да престанам да пеам и да ги правам горди моите обожаватели. Во мај ќе одам на турнеја во Америка со Кики Лесендрич, па кога ќе се вратам ќе почнеме да работиме.

Дали ќе ја продолжиш соработката со Жељко?

- Тој е мојот идол уште пред да ми стане ментор. Секако дека би сакал да продолжам да работам со него и веќе зад сцената падна некој муабет, па наскоро може да очекувате нешто ново. Претходните емисии во живо имав многу трема, но за ова финале Жељко ми кажа да уживам, а не да се натпреварувам, па благодарение на него, немав трема!



Дали би сакал да бидеш претставник на Евровизија за Македонија?

- Тоа од мал го посакувам. Откако почнав да гледам Евровизија, сакав да сум дел од тоа шоу и да ја претставувам мојата земја. Ако целата Македонија сака да ја претставувам, јас со задоволство би го направил тоа.

Дали е точно дека си исфрлен од една музичко училиште во Виена, бидејќи не си бил доволно талентиран?

- Таа информација е точна. Се запишав во музичка гимназија, која морав да ја напуштам по пола година. Еден професор сметаше дека не сум доволно талентиран, па ја советуваше мајка ми да ме отпише. По некое време сфати дека згрешил и ме викна на вечера. Се надевам дека и вечерва ќе го види ова што се случува.



Дали е вистина дека си ги контактирал родителите на Тоше Проески?

- Тоше беше светска ѕвезда, која никогаш нема да биде заборавена. Јас сакам да ги пеам неговите песни, како спомен од него, но никогаш не сакам да ме споредуваат со него. Тој е Тоше, а јас сум само Дани, кој до прва почнува со остварувањето на својот сон, а не сонот на Тоше. Со родителите не контактирав, туку со еден негов добар пријател, Ерик Фокс, кој ми ја даде неговата матрица, но сепак направивме неколку измени.

Ајде за крај, те гледавме целиот расплакан и знаеме дека тоа се солзи радосници. Дали можеш да ни опишеш со две реченици што почувствува кога го слушна твоето име на сцена?

- Нема зборови кои би го опишале тоа што го чувствувам. Едноставно...помислете само како е да ви се исполни она што цел живот го посакувате...Да ги гледате вашите родители горди на вас...и вашите фанови како се радосни за вас...ова го чекав цел живот...не знам, низ солзи изјави Даниел, прикриен со македонското знаме.



Даниел го чека кариера од Скопје, преку Белград, до Виена па и пошироко! Со нетрпение ги чекаме неговите први песни, па да се надеваме и за концерт во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби