Уникатниот Д ФЕСТИВАЛ стапува на сцена на 26. јули во Дојран

Д ФЕСТИВАЛ повторно стапува на сцена во полн сјај, подготвен за нови незаборавни доживувања на автентичното дојранско крајбрежје. Денот Д за годинашното, четврто издание на уникатниот музички хепенинг Д ФЕСТИВАЛ е 26 јули (сабота), на веќе традиционалната локација, паркинг Гранит во Дојран, каде што нè очекува програма од селектирани артисти од светската и домашната музичка сцена.



Сцената на Д ФЕСТИВАЛ оваа година има особено задоволство да биде домаќин на едни од најуспешните и најдолговечните британски хип хоп артисти, величенствените „СТЕРЕО МЦ’с“ (STEREO MCS) кои ќе го претстават во Дојран своето денс музичко шоу кое важи за едно од најдобрите на планетата! Подготвени да им понудат на фановите сосема поразлично искуство, „СТЕРЕО МЦ’с“ со Роб Бирч (Rob Birch), Ник Халам (Nick Hallam) и драм’ен’бејс артистот МЦ „Фајв Алајв“ (Mc Five Alive) го претставуваат диџеј сетот исполнет со електро хаус, британски бејс, хаус, стари и нови „Стерео МЦ’с“ аранжмани. Задолжени за продолжување на препознатливата исклучително позитивна атмосфера на Д Фестивал, „СТЕРЕО МЦ’с“ се гаранција дека повторно танцувајќи ќе го дочекаме изгрејсонцето во Дојран и тоа овојпат со вечните хитови како „Connected“, „Step It Up“, „Deep Down & Dirty“ и многу други.

„СТЕРЕО МЦ’с“ е група која го остава своето влијание и трага на мапата на поп и денс музиката веќе повеќе од 20 години, а не случајно во книгата „Гинисова Рокопедија“ (Guinness Rockopedia) тие се опишани како „големите момци на британскиот рап“. Често одбележувани како еден од најлегендарните британски бендови, со Меркјури номинации, Брит награди за најдобра група и најдобар албум, милиони распродадени албуми со небројни хитови зад себе и ремикси за ѕвезди како Мадона, Ју-ту, Трики, Рза и многу други, „Стерео МЦ’с“ претставуваат значаен и моќен музички состав со огромна популарност.

Групата е основана во 1985 година во Лондон од страна на харизматичниот Роб Бирч и диџеј-продуцентот Ник Халам кои во 1988 година се пробија на музичката сцена со синглот „Move It“, а година дена подоцна го објавија деби албумот „33–45–78“. Од албумот во 1990 година беше објавен синглот „Elevate Your Mind“ кој стана прв хип хоп сингл на официјалната британска топ листа, а година дена подоцна и американски хит. Албумот „Supernatural“ од истата година ги одведе на американска турнеја, а синглот и подоцна истоимен албум „Connected“ од 1992 година кој се најде и на второто место на британската листа на најдобри абуми, ги претвори во светски ѕвезди. Следниот албум „Deep, Down & Dirty“ од 2001, како и претходниот, донесе успешни комбинации на фанк грув, соул-џез и госпел, а „СТЕРЕО МЦ’с“ го претстави во живо на турнеја истата година, но и на гостувањата како поддршка на турнеите на групата „Џејн’с Адикшн“ (Jane's Addiction). „Paradise“ го објавуваат во 2005, а три години подоцна и повеќе од солидниот двоен албум „Double Bubble“. Последното нивно студиско издание „Emperors Nightingale“ се појави во 2011 година и претставува нова потврда дека „Роб Б“, нескротливиот и ненадминлив фронтмен зад веројатно една од најголемите денс групи кои било кога се појавиле од Велика Британија е човек секогаш подготвен да ја остави музиката да го има главниот збор. Денес, бејс, електро хаус и хаус музиката оди рамо до рамо со новите аранжмани на „Стерео МЦ’с“ чија музика и понатаму е жешка денс афера на подиумите ширум светот и ја потенцираат виталната улога на Роб и Ник како диџеи на новиот сет.

Д Фестивал веќе сам по себе прерасна во симбол на незаборавно концертно доживување и омилена дестинација за фановите на автентичниот летен фестивалски дух. Традицијата на овој настан и одличната атмосфера која ни остава незаборавни спомени од целовечерната забава на автентичното дојранско крајбрежје продолжува и со своето четврто издание. Во организација на Пасворд Продакшн и Антена 5 Радио, на 26 јули (сабота) ќе се одржи новото издание на Д Фестивал, а паркингот Гранит во Дојран повторно ќе биде местото каде што ќе се танцува до изгрејсонце.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби