Уште една одлична вест за обожавателите на легендарниот Лени Кравитц! Пејачот објави нова песна, наречена „Sex“. Иако истата има динамичен рок ритам, нејзиниот текст е романтичен и еротски, а во него Кравитц пее за незапирливата желба и страст што љубовта ги разгорува во него.
Песната со интригантен наслов ќе се најде на новиот албум „Sturt“, кој ќе биде објавен на 23-ти септември.
Првиот сингл, под наслов „The Chamber“ излезе неодамна, заедно со деталите за промотивната турнеја која започнува на 22-ри октомври во Москва.