Кајли Миног (46) можеби е висока само 152 см, но кога ќе излезе на сцената е вистински ѕвер.
Австралиската џебна Венера беше дел од завршната церемонија на Комонвелт игрите, каде ја загреа атмосферата со своите големи хитови како „Spinning Around“, „Love At First Sight“ и „Your Disco Needs You“.
За оваа прилика избра розов секси костум кој го надополни со високи црни чизми и импресивен додаток од пердуви благодарение на кој наликуваше на амазонска кралица.
Потоа се појави во малку посмирена верзија носејќи бел мини фустан со златни потпетици.