Рената Кралевска со нов спот на VEVO

Видео записот на Trust Your Feelings на Рената Кралевска излезе на VEVO каналот на YouTube платформата. Песната веќе од утре ќе биде промовирана на RadioExpress во Лос Анџелес со дистрибуција до повеќе од 7000 радија во светот. Ова е веќе петти сингл на Кралевска, која под името Rennata го освојува светскиот музички пазар.



- Кога работите нешто со љубов и со целосен фокус и гледате подалеку од она што е пред вас успехот е неизбежен. Се обидувам да бидам своја и кога создаваме песни да имаат белег на Македонија, а воедно да бидат со висок квалитет што е предуслов да успеете на пазарот надвор од земјава. Новиот сингл е само продолжение на она што веќе неколку години се обидувам да го правам, да направам македонски хитови со светски квалитет. Се надевам дека успевам во тоа, изјави Рената.

Текстот на новата песна е на Рената, а композитор и продуцент на песната е Зоран Алексиќ, додека режијата е на Илија Тодоровски. Стајлингот на спотот е дело на Даниел Николовски и Ивана Кнез.



- Светските музички куќи во Рената видоа потенцијал за создавање на светски хитови. Ние како Sky Eye Entertainment имаме развиена мрежа од светски промотери и дистрибутери. Со соработката со Radio Express успеавме да ги лансираме сингловите на Рената на топ листите во светот, каде најдобра реакција на нашите песни има во Турција, Велика Британија, Финска, Индонезија, Франција, Мексико и САД. Во преговори сме за изработка на албум што би го изработиле во соработка со голема европска продуценска куќа, изјави Зоран Алексиќ од Sky Eye Entertainment.

Рената е првата во регионот која доби VEVO канал што значи вистински престиж во музичкиот свет како платформа што ја користат големи светски музички имиња. Првиот сингл што се појави на овој канал беше “Because I Love You” , а подоцна следеше официјалното видео за “Please Stay”. Sky Eye Entertainment има договор со iTunes, Amazon, Spotify, Shazam и останатите музички платформи каде што сите досегашни синглови на Рената вклучувајќи го и последниот се достапни на публиката ширум светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби