Вудсток: 45 години од легендарниот концерт

На денешен ден пред 45 години, одржан е еден од првите музички фестивали, предвесник на сите денешни големи музички манифестации.



Тој 15 август 1969 години, сите биле присутни на ридот во државата Њујорк: Џими Хендрикс, Џо Кокер, Џенис Џоплин, Рави Шанкар, Џоан Баез, Сантана, групите Гретфул Дед, Тен јиарс афтер, Криденс Клиарвотер Ривајвл, Д Ху, Џеферсон Ерплејн и Крозби, Стилс, Неш енд Јанг, вкупни 32 изведувачи.

Планирано било фестивалот, одржан под слоганот „Да водиме љубов, а не војна“ да трае три дена како вид на протест против војната во Виетнам. Организаторите очекувале 50.000 посетители, а дошле над 500.000.

Постоело оправдано стравување дека ќе настапи општ хаос, посебно поради силниот дожд кој не престанувал да врне, но катастрофа била избегната. Сепак, пет лица починале за време на фестивалот, некои од прекумерна доза наркотици, а еден од прснување на слепото црево и едно лице било прегазено со трактор. За време на тродневниот настан родени се и две бебиња.



Вудсток во историјата ќе остане забележан како фестивал на хипи културата, собир на млади кои верувале дека со музика е можно да се смени светот и да се направи подобро место за живеење. за оние пак, кои се родиле подоцна, или биле премногу мали во време на одржување на фестивалот, Вудсток означува сцена на која настапиле некои од најголемите имиња во тоа време, на чело со Хендрикс кој ќе остане запомнет по изведувањето на својата верзија на американската химна.

Фестивалот со својот фотоапарат го овековечил фотографот на списанието „Ролингстон“ Барон Волман, чии слики неодамна беа изложени во Лондон. Снимен е и документарен филм „Три дена музика и мир“ во режија на Мајкл Вејдли, кому во реализацијата на тој проект му помогнал „извесен“ Мартин Скорсизе.



Во 1994 и 1999 година одржани се уште две изданија на Вудсток, а организаторот на легендарниот фестивал Мајкл Ленг неодамна за „Ролингстон“ најави дека веќе бара локација на која во 2019, за 50-годишнината од фестивалот, ќе се одржи големиот музички настан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби