Тони Цетински најави музички спектакл во Скопје

Хрватскиот пејач, Тони Цетински, подготвува вистински музички спектакл за својот концерт во Скопје. На денешната прес конференција која што се одржа во ресторанот Венето, Skopje City Mall, Цетински и неговите соработници открија детали за она што ќе се случува на 28-ми ноември во арената „Борис Трајковски.

Македонската публика ќе има можност да ги слушне големите хитови на Тони Цетински, а воедно и да ужива во песните кои што ќе ги изведат неговите гости. Едно од изненадувањата на вечерта е настапот на хрватска ѕвезда која никогаш претходно не била во Македонија.

Запрашан дали шоуто во Скопје ќе биде слично на концертите од неговата турнеја, Цетински кратко одговори:

- Се трудиме секој концерт да има нешто свое, јас немам некаков стандарден тип на концерти, едноставно се прилагодувам.

Пејачот додаде дека шоуто кое што ќе го приреди на 28-ми ќе биде совршен спој на песни и гости, збогатен со одлична видео продукција. За сега е познато дека една од ѕвездите на вечерта ќе биде српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ, додека другите гости ќе останат изненадување до самиот концерт.

Дуетот на Жељко и Тони предизвика големо внимание во јавноста поради српско –хрватската соработка. Цетински не крие дека хрватските медиуми го дочекале на нож поради ваквиот чекор, но е среќен бидејќи песната  и се допадна на пошироката публика и сето тоа благодарение на YouTube.

-Публиката феноменално ја прифати песната и драго ми е што со тоа се разби предрасудата која ја наметнаа хрватските медиуми, изјави тој.

Зборувајќи за дуетите кои ги снимил во текот на својата кариера, Цетински истакна дека едни од омилените несомнено му се оние со Оливер Драгоевиќ и Тоше Проевски, пред сè поради тоа што соработката со нив го преминала професионалното ниво и прераснала во пријателство.

Спектакуларното шоу на хрватскиот пејач ќе започне во 21 часот, а цената на билетите е од 400 до 600 денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби