Емели Санде откри дека нејзиниот нов албум ќе биде објавен порано од очекуваното, бидејќи се чувствува мошне силна за тоа.
- Албумот ќе биде многу добар. Моментално го завршуваме и се надевам дека набрзо ќе го објавиме, изјави Емели во едно интервју за „Capital FM“.
Албумот ќе биде продолжение на „Our Version of Events“ од 2012 година. Токму на овој албум се најдоа едни од најслушаните песни како што се „Heaven“, „Next To Me“ и „Clown“.
Имено, таа беше дел од бендот „Band Aid 30“ кои направија преработка на една божиќна песна со цел да соберат средства за заболените од ебола. Исто така, најави и дека ќе пее на еден божиќен концерт во хуманитарни цели.