Крајот на годината, освен по убавата празнична атмосфера, го сакаме и поради сите тие мали потсетувања за што сè се случуваше во истата, почнувајќи од разни настани кои ја одбележале, па се до најдобри песни.
DJ Earworm ги собра најдобрите песни во Америка од топ 100 листата на Billboard во една песна. Миксот звучи совршено, а музиката и текстот прават една неверојатна компилација. Овде може да ги слушниме „All of Me“, „Turn Down For What“, „Problem“, „Dark Horse“, „Animals“, „All About That Base“ и уште многу други.
Во исчекување сме на уште неколку миксови од песните кои ја обележаа оваа година.