Берлинската публика четири пати го враќаше Трпчески на сцена

Берлин, 31 јануари 2014 (МИА) - Маестро Симон Трпчески, по вториот одржан концерт во една вечер, што е невообичаено за светските музички сцени, публиката во Берлинската филхармонија во четири наврати го враќаше на сцена.

Во првиот дел од вечерта, по долготрајниот аплауз, Трпчески, јави досписникот на МИА од Берлин, трипати се враќаше на сцената и тој дел од концерот го заврши со специјален подарок за пребирливата берлинска публика пред која настапуваат водечките светски имиња во класичната музика.

Еден од најталентираните германски музичари Даниел Дерфолц, кој го придружуваше македонскиот пијанист на труба, вели дека е уживање да се работи со Трпчески кој со својот начин на музицирање на сцената внесува доза на забава која што е ретка во класичната музика.



- Трпчевски е виртуоз кој што ве води до совршенството, знае да ги забавува публиката и колегите, но и самиот ужива во тоа што го прави, вели Дерфолц кој признава дека имал голема трема се до моментот кога Трпчески почнал да свири.

По концерот, Трпчески за МИА изјави дека комплиментите од колегите се најдобар показател за начинот на кој ја врши својата работа. - Не е лесно да се биде лежерен особено кога се изведуваат тешки партитури како на пример дела од Шостакович и Прокофјев, рече Трпчески и додаде дека сака да се забавува додека свири.

Тој вели оти овој менталитет го носи од детството кога во семејството уживал во народната музика што влијаело така да се однесува и кога репродуцира класична музика.

Берлинската е една од најстарите европски музички сцени основана во 1882 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби