ВИДЕО: Првиот настап на Даниел организиран од Евровизија

Во Виена веќе извесно време се е во знакот на подготовките за Евросонг што ќе се оддржи од 19 до 23 мај.



Но, дотогаш организаторите смислиле мошне интересни настапи на учесниците на Евровија. Токму овој викенд, на 18-ти април, во Амстердам се одржа голем предевровизиски настан - Eurovision in Concert.

На настанот учествуваа 24 евровизиски претставници, меѓу кои и нашиот претставник Даниел Кајмакоски. „Autumn Leaves“ прв пат беше изведена пред публика од 1.500 фанови. Интересот за Кајмакоски беше голем за време на прес- конференциите. Новинарите бараа интервјуа и изјави од нашиот претставник. Следниот битен закажан настан од евровизиската промо турнеија е во Москва на 24-ти април.



По овие настапи веќе почнуваат главните подготовки за големата вечер. На 17 мај ќе биде отворен Euro Fan Cafee, во третиот виенски округ каде ќе биде инфо-центарот за сите евровизиски фанови. Преку ден кафе барот ќе биде отворен за забава и разговори, а во вечерните часови ќе биде место за организирање забави.

Австриската државна телевизија ORF организира два јавни преноса од евровизиското натпреварување, а лиценцирани преноси во живо ќе бидат организирани на уште 15 локации.



Виенската градска опера на 17 мај ќе организира матине Pop Meets Opera во кои ќе учествуваат Пласидо Доминго, Жан Дијего Флорез и ансамблот The Philharmonics.

Во виенската куќа на музиката ќе има мултимедијална презентација под наслов „60 години Евровизија - Австрија 1717. Бројката 1717 означува вкупен број поени што ги добила Австрија на досегашните евровизиски натпревари.

За првпат во историјата на Евровизија тој 60-ти натпревар се одржува како Green Event што означува дека при организацијата се внимава на зачување на животната средина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби