Откриена тајната за успех на Венгер

Доверлив документ кој по грешка бил оставен во хотелот по натпреварот со Болтон, а кој вчера го објавија англиските медиуми, ги открива тајните на Арсен Венгер како се прави силна екипа во Премиер-лигата.

"Тајната е откриена", пишуваат весниците. Менаџерот пред секој натпревар на своите фудбалери им дели мотивирачки меморандум кој во соработка со него го составуваат и клупските психолози. До ова "откритие" медиумите на Островот дошле откако едно ливче со ознака "доверливо" бил оставен во хотелот во кој отседнале фудбалерите на Арсенал во пресрет на мечот со Болтон овој викенд.

Документот што Венгер им го дели на своите фудбалери пред натпреварите, пред се ја нагласува важноста на екипата како целина, а зборот "тим" се спомнува дури 12 пати. Инаку, ваков мотивациски меморандум најчесто може да се види во канцелариите и компаниите во Англија, но ова е првпат да се употребува во спортската психологија.

Содржина на пронајдениот документ:

Екипа:

Екипата е силна колку што се силни и односите во неа. Движечка сила на секоја екипа е можноста секој нејзин член да создава и одржува одлични односи во екипата кои потоа додаваат нова димензија и робусност на тимската динамика. Таков однос на екипата може да се искористи за да сконцентрира на се она важно што екипата и го носи на нашите животи. Може да се искористи за да се засилат и продлабочат односите во тимот и максимално да се зголемат условите кои се наоѓаат пред силен и обединет тим.

Нашата екипа станува посилна:

- Покажувајќи позитивен однос на теренот и надвор од него

- Ако сите носат исправни одлуки во корист на тимот

- Ако имаме неуништива верба дека можеме да ги постигнеме нашите цели

- Ако веруваме во силата на тимот

- Ако секогаш сакаме повеќе и даваме повеќе

- Со фокусирање на комуникацијата

- Ако бараме повеќе од себе

- Ако сме свежи и подготвени за победа

- Со фокусирање на менталната сила и настојување секогаш да одиме до крај

- Ако во текот на играњето на гости веруваме во нашиот идентитет и играме фудбал каков што сакаме да играме дома

- Ако се држиме заедно

- Ако со двете нозе сме цврсто на земја и скромни како играчи и личности

- Со покажување на желба за победа во се што правиме

- Со уживање и придонес во се што припадноста на екипата ја чини посебно



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Зошто во Кина нема комарци?
- Секој Кинез убил по еден.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1534.- Шпанскиот благородник Ињацио Лојола во...
1896.- На Алјаска, најсеверниот дел на САД е...
1914.- Британскиот експедиционен корпус се...
1926.- Во американската метропола на филмот,...