Шпанија за 200 денари на "Филип 2"

Фудбалската федерација на Македонија, конечно, наспроти сопствените постојани нереални погледи за финансиска добивка, одлучи нашиот национален тим, но и една од најсилните светски фудбалски селекции Шпанија да ги доближи безмалку до секој домашен фудбалски вљубеник.

ФФМ одлучи билетите за пријателскиот натпревар меѓу Македонија и европскиот шампион Шпанија преку кој на 12 август всушност ќе биде официјално промовиран новиот изглед на нашиот најголем стадион, националната арена "Филип 2 Македонски" да бидат по цена од само 200 денари за Јужната и за новата Северна трибина, односно 100 денари за Источната и Западната трибина.

На почетокот од август ќе бидат пуштени 25.000 билети во продажба колку што ќе биде новиот капацитет на стадионот, 22.000 илјади билети за Север и Југ и вкупно 3.000 билети за Исток и Запад, при што се очекува исполнување до последното место.

Шпанците своето доаѓање во Скопје како дел и од прославата "100 години македонски фудбал" го најавија во најсилниот состав предводени од ѕвездите Фернандор Торес, Давид Виља, Алонсо, Икер Касиљас..., а меѓу гостите најавено е присуство и на голем број поранешни шпански фудбалски ѕвезди.

Натпреварот на 12 август ќе се игра со почеток од 22 часот поради барањето на шпанската телевизија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди компјутерџија по улица и му паѓа
цигла на глава.
-Аман веќе од тој тетрис!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1936.- Постигната е спогодба за окончување на...
1972.- Отворени се Дваесеттите олимписки игри во...
1945.- Во Битола бегалците од Егејска Македонија...
1974.- Умре Чарлс Линберг, американски...