"Не знам зошто би требало да бидам казнет"

Напаѓачот на Манчестер Сите Емануел Адебајор верува дека не би требало да биде суспендиран поради своето однесување на саботниот дуел со својот поранешен клуб Арсенал, поради тоа што смета дека не направил ништо лошо. Репрезентативецот на Того го постигна третиот гол во победата на неговиот клуб од 4:2 и направи проблеми на трибините со тоа што го претрча целиот терен за да го прослави голот пред навивачите на Арсенал.

Суспензијата сигурно го чека и поради удирањето на својот поранешен соиграч Робин Ван Перси."Не знам што сум направил лошо да би требал да бидам суспендиран. Не сум слушнал дека полицијата или некој од фудбалскиот сојуз сака да разговара со мене. Од клубот ништо не ми соопштиле" изјави Адебајор.

Тој признава дека направил голема грешка со трчањето кон навивачите на Арсенал, кој после тоа реагираа со фрлање предмети меѓу што е повреден и еден редар. Адебајор тврди дека тоа не го планирал пред почетокот на мечот и додава: "Трчањето беше глупаво до моја страна, меѓутоа тие луѓе ме навредуваа во текот на целиот натпревар, и ме навредуваа и пред загревањето на натпреварот. Извикуваа лични работи против мене кој не се убави да ги слушнеш. Тоа не ни го планирав не ни знаев дали ќе дадам гол. Сакам да му се извинам и на повредениот редар." Поранешниот играч на Арсенал нема ништо против да настапи на "Емирати" во следниот натпревар идната година:"Можам да одам на "Емирати" и да играм, зошто не? Јас сега сум играч на Манчестер Сити и ако клубот побара од мене да настапам на тој дуел ја тоа ќе го сторам" изјави Адебајор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...