СПОРЕД СТАТИСТИЧКИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ПРЕМИЕР-ЛИГАТА

Лампард, играч на деценијата

Халфот на Челзи, Франк Лампард е прогласен за играч на деценијата во англиската Премиер-лига, според официјалната статистика. Агенцијата ОПТА, која се занимава со статистиката во Премиер-лигата, го анализирала секој меч почнувајќи од 1 јануари 2000 година па до сега и утврила дека 31-годишниот Лампард е фудбалер со најмногу одиграни мечеви, најмногу победи, втор по бројот на асистенции и четврти на листата кај голгетерите.

Лампард го мина дефанзивецот на Ливерпул, Џејми Карагер по бројот на настапи во Премиер-лигата, вкупно 346, а неговиот тим постигнал 210 победи. Асистирал при 76 погодоци, седум помалку од лидерот Рајан Гигс.

Играчот од средниот ред на "Сините" постигнал 100 гола и е на четвртото место кај голгетерите каде врвот го држи Тиери Анри со 169 погодоци.

Лампард пристигна на Стемфорд Бриџ во 2001 година од Вест Хем за 11 милиони фунти. Тој беше донесен по барање на тогашниот менаџер Клаудио Раниери и оваа зделка се смета за една од најдобрите во историјата на англискиот фудбал.

"Оваа информација не ме изненадува бидејќи уште додека бев на чело на Челзи знаев дека Лампард е уникатен фудбалер. Според мене, тој е вистинскиот носител на Златната топка бидејќи е на исто ниво со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Лампард ги прави нештата да изгледаат лесни и поради тоа голем број луѓе се восхитуваат на неговата игра. Мило ми е што токму статистиката покажа колку е голем како фудбалер", коментира Раниери за Сан.

Неговиот татко, Френк Лампард постариот, е изненаден од резултатите од статистиката, која го прави неговиот син најдобар во Премиер-лигата.

"Да играш константно 10 години по ред е нешто специјално. Тој ова достигнување го стори со многу труд и напорна работа. Никогаш не паѓа, не ја шутира топката бесцелно и не се нервира. Секогаш се труди да биде максимално сконцентриран и да го даде најдоброто на секој меч", изјави таткото на Лампард.

Спротивно на големиот Лампард, титулата "лузер" на деценија му припадна на дефанзивецот на Хул, Кевин Килбејн кој има вкупно 146 порази. Роби Севиџ, кој моментално игра во Дерби, е на првото место кај "лошите" момци. Тој има собрано најмногу жолти и црвени картони, а зад него е фудбалерот на Болтон Кевин Дејвис.

НАЈМНОГУ ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ

1. Френк Лампард 346

2. Џејми Карагер 341

3. Герет Бери 335

4. Емил Хески 333

5. Шеј Гивен 329

НАЈМНОГУ ПОБЕДИ

1. Френк Лампард 210

2. Рајан Гигс 196

3. Пол Сколс 191

4. Џон Тери 188

5. Рио Фердинанд 186

НАЈМНОГУ АСИСТЕНЦИИ

1. Рајан Гигс 83

2. Френк Лампард 76

3. Тиери Анри 66

4. Стивен Џерард 57

5. Сеск Фабрегас 56

НАЈМНОГУ ГОЛОВИ

1. Тиери Анри 169

2. Роби Кин 113

3. Мајкл Овен 102

4. Френк Лампард 100

5. Руд ван Нистелрој 95

НАЈМНОГУ ХЕТ-ТРИКА

1. Тиери Анри 8

2. Руд ван Нистелрој 5

3. Мајкл Овен 5

4. Џими Флојд Хаселбенк 4

5. Џермејн Дефо 3

НАЈМНОГУ НАСТАПИ КАКО ЗАМЕНА

1. Нванкво Кану 100

2. Џермејн Дефо 87

3. Шола Амеоби 81

4. Данкан Фергусон 71

5. Ломана Луа Луа 70

НАЈМНОГУ ПОРАЗИ

1. Кевин Килбејн 146

2. Марк Шварцер 126

3. Кевин Дејвис 122

4. Силвијан Дистин 122

5. Дејвид Џејмс 122

НАЈМНОГУ ЖОЛТИ И ЦРВЕНИ КАРТОНИ

1. Роби Севиџ 80

2. Кевин Дејвис 74

3. Скот Паркер 70

4. Лукас Нил 67

5. Гевин Мекен 67



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој Американец отишол на гости во Австралија кај некој пријател. Пријателов почнал да го шета по ранчот и да му покажува што сè има..одат така по ранчот и доаѓаат до стадо овци...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1939.- Нацистичка Германија без објавување на...
1943.- Во Корештата, костурско, е формиран...
1944.- Втората македонска НОУ бригада ја нападна...
1961.- Во Белград почна Првата конференција на...