Мојот Реал ќе игра убаво и ќе победува

Со секој нов ден Жозе Мурињо е сè поблиску до клупата на Реал Мадрид. Остануваат само детали до конечниот договор меѓу Интер и Реал, па Португалецот може уште викендов да биде претставен како нов предводник на "Кралскиот клуб".

Во пресрет на официјализирањето на договорот, Мурињо даде интервју за АС во кое ги обелодени своите планови за работата во новиот клуб.



ЗА ТРАНСФЕР-ЦЕЛИТЕ...



Засилувања во одбраната ќе бидат основните приоритети за Мурињо во Реал. Португалскиот стручњак најмногу би сакал да ги донесе Ешли Кол и Мајкон, но прашање е дали Челзи и Интер се расположени да се откажат од нив.

"Сакам тројца или четворица квалитетни дефанзивци затоа што нападот на Реал е доста силен. Вообичаено, моите екипи играат со четворица играчи во одбраната, но со оглед на офанзивната улога на Ешли Кол и Мајкон, можено е да играме со тројца стопери. Мајкон е физичко чудо, поседува огромен квалитет бидејќи е бек што може да постигне шест-седум гола по сезона и тоа не од прекини. Не велам дека не го сакам во Реал", вели Мурињо.

Сепак, како што стојат работите, многу поверојатно е понуда да биде испратена до Фабио Коентрао од Бенфика. Интересен е и неговиот соиграч Анхел ди Мариа, кој, сепак, сè уште не е играч на Реал.

"Евентуален ангажман на Коентрао е како да сме го купиле бразилскиот Марсело. Би сакал да донесам фудбалер со поинакви карактеристики, но тој бележи огромен прогрес. Што се однесува до Ди Мариа, тој е фантастичен фудбалер, но во слаба лига. Се сомневам дека би имал ист придонес во Примера или во Серија "А". Ако можеме да го донесеме за помала цена, би сакал да го имам во тимот, но не сакам Реал да плаќа астрономска отштета за кој било фудбалер", додаде Португалецот.

Тој не крие дека би сакал во својот тим да ги има Милито и Де Роси како искусните Лампард и Џерард.

"Како центарфор, Милито има сè што е потребно, но мислам дека тој е фудбалер што влезе во историјата на Интер и клубот нема да сака да го пушти. Речиси невозможно е да го донесеме ниту Де Роси, кој заедно со Тоти е легенда на Рома. Инаку, морам да кажам дека јас сакам фудбалери кои се на залезот на кариерата, на околу 33-34 години. Лампард и Џерард не се толку стари, но се работи за извонредни играчи кои секогаш го даваат максимумот", вели Мурињо.



ЗА УБАВИОТ ФУДБАЛ...



Мурињо планира да го продолжи својот стил на игра, но и да остави печат на Сантијаго Бернабе кога станува збор за формацијата.

"Во средниот ред сакам да играме во формација 'дијамант'. Ако користиме триаголник, можеме во нападот да играме со тројца играчи. Сепак, тоа ќе биде балансиран тим, ќе имаме свој идентитет и нема да имитираме никого. Тешко е да се контролира играта и да се диктира темпо во текот на сите 90 минути, па затоа ќе мора нешто да се жртвува. Сепак, мојот Реал ќе игра убаво, ќе напаѓа и ќе победува", додава Мурињо.



ЗА РАУЛ И ГУТИ...



Можеби некој ќе рече дека е кукавица, но Португалецот сè уште не е подготвен да влезе во конфликт со некој од милениците на "Бернабе".

"Ветераните заслужуваат да бидат среќни, а тоа ќе се случи ако играат во друг клуб или ако имаат некоја функција во клубот каде поминале долго време. Според мене, Гути е веќе заминат. За Раул навистина не знам. Кога ќе дојдам во Мадрид, би сакал да поразговарам со него и да ги слушнам неговите намери", вели Мурињо.



ЗА КАКА...



"Тој беше повреден долго време и се чини дека во последните месеци ја загуби самодовербата. Сепак, станува збор за еден од најквалитетните светски фудбалери и не гледам пречка наскоро да се врати во својата најдобра форма. Потребно е малку психолошки да се работи со него и сè ќе биде в ред", тврди довчерашниот тренер на Интер.



ЗА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА ВО ПРИМЕРА...



"Јас не сум ничиј непријател. Не сум анти-Барселона, анти-Атлетико или анти-Милан. Јас сум фанатик на Интер, а отсега ќе бидат фанатик на Реал. Не сакам да создавам непријател каде и да работам, тоа никогаш не ми била намера. Шпанската лига отсекогаш била атрактивна, а особено тоа се однесува на минатата сезона. Мислам дека Валенсија, Мајорка и Атлетико можат да освојат нешто во следната кампања, но во исто време ќе биде интересно првенство затоа што Барселона веќе донесе едно исклучително засилување и ќе биде посилна од претходната.

Јас немам проблем со Гвардиола, го знам долго време, имаме добар однос и многу го респектирам. Сакам да ја освојам титулата затоа што ниеден тренер во историјата нема трофеи од англиското, италијанското и шпанското првенство. Јас сакам да бидам првиот со таков успех и, исто така, прв што со три различни клуба ќе ја освои Лигата на шампионите. Сепак, не можам да допатувам во Шпанија и да кажам дека сигурно ќе станам шампион затоа што со тоа ќе потценам еден клуб како што е Барселона. Само големи клубови освојуваат тројни круни. Ако Реал стане такво нешто, ќе освои тројна круна", вели Мурињо.



ЗА ХОРХЕ ВАЛДАНО...



"Јас и Хорхе сме комплетно компатибилни. Немам никаква дилема дека добро ќе соработуваме затоа што Валдано бил играч и тренер, а и јас исто така. Спортскиот директор не треба да влегува во соблекувалната и да зборува со фудбалерите. Јас и тој можеме да зборуваме за засилувања и такви работи. Во Интер јас го сакав Карваљо, но Бранка ми рече дека Лусио е подобар и беше во право. Клубот е подобар кога сите функционира добро на сите нивоа", додава трофејниот стручњак.



ЗА СВОЈАТА ПОСВЕТЕНОСТ...



"На Реал ќе му го дадам она што им го дадов на сите клубови во кои работев досега - апсолутно сè од себе. Мој живот се семејството и клубот во кој работам. Нема да имам многу време да шетам низ Мадрид, да играм тенис или голф. Ветувам комплетна посветеност на работата", заврши Мурињо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...