Репрезентативецот на Германија, Томас Милер по Светското првенство се најде на врвот на листата на желби на Реал, кој веќе му подготвил место меѓу најновите "галактикоси".
Претседателот на мадридскиот тим, Флорентино Перез е воодушевен од игрите на младиот фудбалер и сака да ги пренасочи сите средства наменети за трансферот на Даглас Маикон на ангажирање на најдобриот стрелец на Мундијалот.
Реал ќе му понуди на Баерн 30 милиони евра за 20-годишниот фудбалер, кој со Баварците има договор до 2013. година.