Ето проблем во соблекувалната на Интер?

Неколку играчи на Интер биле особено незадоволни од себичноста на Камерунецот Самуел Ето, Маикон прв проговорил.

Маикон бил сосема незадоволен по поразот во Рим од Рома со 1-0.

"Загубивме поради себичноста во нападот" - изјавил Бразилецот, а не е тешко дека мислел на Ето, кој во неколку ситуации реши соло да оди до крај, наместо да ги проигра своите соиграчи.

Тој е далеку најдобриот стрелец на екипата, но играчите се незадоволни од неговите ставови.

"Кориере дело Спорт" пишува дека Киву полудел бидејќи екипата не трчала доволно, а тој често сам бил оставан по левата страна.

"Или натерај ги трчаат, или извадиме од игра" - му рекол Романецот на тренерот Бенитез, кој го уфрли Мунтари да ја засили дефанзивата.

Изгледа дека суетите кои Мурињо така успешно ги држеше под контрола, сега почнуваат да излегуваат на површина.

Од друга страна, "Ла Газета дело Спорт" и агенцијата "Анса" јавуваат дека денешниот тренинг поради повреда го пропушти македонскиот репрезентативец Горан Пандев, па поверојатно е дека тој нема да заигра на мечот од Лигата на Шампионите против Вердер, отколку дека ќе истрча на теренот.

Така Камерунецот Самуел Ето во среда конечно би требало да ја добие онаа улога која најмногу му одговара, истурен напаѓач.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...