ИТАЛИЈА - СЕРИЈА "А" 6.коло

Италија "гори", Јуве на гости кај Интер

Викендов, на Апенините, на програмата е таканареченото "Дерби на Италија" меѓу шампионот Интер и најтрофејниот италијански клуб Јувентус. Двата тима моментално се борат надвор од теренот и тоа за бројот на трофеи, односно кој на кого треба да врати пехари поради поради добро познатата афера Калчополи. Сепак, тоа останува да решат институциите на правдата, а на зелениот терен големите ривали ќе се сретнат по 181 пат во Серија "А" и тоа во одлична форма. Интер го задржа првото место на табелата иако загуби минатата недела на Олимпико во Рим во меч каде "неро-аѕурите" играа под можностите, но затоа тимот блесна во Лигата на шампионите кога го декласира Вердер со три гола на Самуел Ето, човекот кој е вистински хит во Италија во моментов бидејќи постигна дури девет погодоци на последните шест меча. Овој пат четата на Рафа Бенитез не планира повторно да дарува бодови, па затоа претпазливо влегува во мечот. Освен тоа Шпанецот ќе мора да го креира победничкиот тим без повредените Тиаго Мота, Хавиер Занети, Марко Матераци, Валтер Самуел и Горан Пандев, а добра вест е заздравувањето на Диего Милито и Лусио.

"Сакам да ги продолжиме одличните изданија и на дербито со Јувентус. Иако ќе настапиме без неколку повредени фудбалери тука се останатите на чело со Самуел Ето, кој игра во фантастична форма. Јувентус е добра екипа, одлично се засили, а нас многу ни е важно да извојуваме победа над нив. Ќе биде многу тешко бидејќи играчите на двата тима се силно мотивирани за надигрување, па очекувам помалку и груба игра на двете страни", изјави Бенитез.

Јувентус тргна лошо во првенството, но малку ги стабилизира резултатите и со последната победа над Каљари се искачи на деветтата позиција на табелата. Во четвртокот "бјанконерите" имаа тешко гостување во Манчестер против Сити на кое извлекоа реми и сега спокојно се концентрираат на домашните обврски и големиот меч со шампионот. Со евентуални три бода и дефинитивно може да размислуваат и за "Скудето". Тренерот Луиџи дел Нери освен Амаури може да смета на сите останати, што значи дека ќе го избере најсилниот тим кој ќе му се спротивстави на Интер.

Инаку, ривалството меѓу двата тима е огромно, а низ историјата се одиграле многу фантастични мечеви како оној од 1961 година со резултат од 9:1 за "Старата дама" или од 1975 во Купот на Италија 2:6 за Интер.

Во меѓусебните дуели поуспешен е Јувентус бидејќи има 80 победи, наспроти 55 на Интер, а 45 завршиле реми. И гол разликата е на страна на Јуве 259 дадени наспроти 228 примени. Минатата сезона на Џузепе Меаца Интер извојува победа од 2:0 со головите на Мајкон и Ето, додека на Олимпико Јуве оствари триумф од 2:1 (Мело и Маркисио за Јуве, а Ето за Интер).

Прекрасен меч се очекува и во Неапол каде на Сан Паоло домашниот Наполи ќе ја пречека Рома. "Сините" играат многу променливо сезонава иако без проблеми постигнуваат погодоци. Најранливи се во одбраната каде примија осум погодоци на последните четири средби, а само три во четвртокот на дуелот со Стеауа. Рома со триумфот над Интер и Клуж посакува да ја заокружи неделава победнички и затоа максимално се мобилизирани пред гостувањето во Неапол.

Единствен проблем за Наполи е неиграњето на Кристијан Лукарели, кој се повреди пред еден месец, додека, пак, на спротивната страна Клаудио Раниери нема да смета на Филип Мексес и Симоне Перота поради суспензии, потоа голманот Серџо поради повреда на стапалото, а неизвесен е настапот и на Адриано.

И покрај тоа двата тима играат напаѓачки и отворено, па се очекува атрактивна игра и многу погодоци.





ТИП НА КОЛОТО

ЏЕНОВА - БАРИ 1

Фудбалерите на Џенова ја очекуваат првата победа на Луиџи Ферарис. На последните два меча запишаа по еден бод и затоа очекуваат, конечно, да го урнат малерот кој ги следи од почетокот на сезоната. Бари одлично котира на табелата сезонава, но остварува добри резултати само дома. На гости не е многу убедлив. Џенова со активна игра и силна поддршка од својата верна публика ќе стигне до трите бода.





ИНТЕР - ЈУВЕНТУС

СЕРИЈА "А"

Одиграни натпревари 180

Победи на Интер 55

Победи на Јувентус 80

Нерешени 45

Гол разлика 228:259

КУП НА ИТАЛИЈА

Одиграни натпревари 29

Победи на Интер 10

Победи на Јувентус 12

Нерешени 7

Гол разлика 36:44

СУПЕРКУП НА ИТАЛИЈА

Одиграни натпревари 1

Победи на Интер 1

Победи на Јувентус 0

Гол разлика 1:0

ВКУПНО

Одиграни натпревари 210

Победи на Интер 66

Победи на Јувентус 92

Нерешени 52

Гол разлика 265:303



ПОСЛЕДНИ 10 НАТПРЕВАРИ МЕЃУ ИНТЕР И ЈУВЕНТУС

16.04.2010 Интер - Јувентус 2:0 Серија "А"

28.01.2010 Интер - Јувентус 2:1 Куп на Италија

05.12.2009 Јувентус - Интер 2:1 Серија "А"

18.04.2009 Јувентус - Интер 1:1 Серија "А"

22.11.2008 Интер - Јувентус 1:0 Серија "А"

22.03.2008 Интер - Јувентус 1:2 Серија "А"

30.01.2008 Јувентус - Интер 2:3 Куп на Италија

23.01.2008 Интер - Јувентус 2:2 Куп на Италија

04.11.2007 Јувентус - Интер 1:1 Серија "А"

12.02.2006 Интер - Јувентус 1:2 Серија "А"



Кордоба одбил понуда од Сити

Дефанзивецот на Интер, Иван Кордоба откри дека одбил одлична можност во летниот преоден рок да се пресели во Премиер-лигата, и тоа во тимот на Манчестер Сити. Колумбиецот добил покана од Роберто Манчини да дојде на Истлендс кој сакал да го искористи фактот што добива мала минутажа кај италијанскиот шампион. Сепак, одбил со цел да му помогне на Интер во борбата за титулата.

"Минував низ тежок период, а навистина сакав да играм. Минатата сезона тоа малку бев на теренот, а токму Манчестер Сити ми понуди да дојдам во Англија. Разговарав со Бенитез и управата и на крајот решивме да останам и да му помогнам на клубот во одбраната на трофеите од минатата сезона. Продолжувам со Интер и горд сум со оваа одлука", изјави Кордоба.



ДВОЈКИ

САБОТА

УДИНЕЗЕ - ЧЕЗЕНА 18 ч.

ПАРМА - МИЛАН 20:45

НЕДЕЛА

ЛЕЧЕ - КАТАНИЈА 12:30

КИЕВО - КАЉАРИ 15 ч.

ЏЕНОВА - БАРИ

ЛАЦИО - БРЕША

БОЛОЊА - САМПДОРИЈА

ФИОРЕНТИНА - ПАЛЕРМО

НАПОЛИ - РОМА

ИНТЕР - ЈУВЕНТУС 20:45

ТАБЕЛА

1. Интер 5 3 1 1 8:3 10

2. Лацио 5 3 1 1 7:5 10

3. Киево 5 3 0 2 8:5 9

4. Бреша 5 3 0 2 7:7 9

5. Милан 5 2 2 1 7:4 8

6. Наполи 5 2 2 1 10:8 8

7. Катанија 5 2 2 1 7:5 8

8. Бари 5 2 2 1 5:7 8

9. Јувентус 5 2 1 2 12:9 7

10. Чезена 5 2 1 2 4:6 7

11. Каљари 5 1 3 1 7:5 6

12. Сампдорија 5 1 3 1 6:5 6

13. Болоња 5 1 3 1 6:7 6

14. Палермо 5 1 2 2 8:8 5

15. Фиорентина 5 1 2 2 5:5 5

16. Парма 5 1 2 2 5:6 5

17. Џенова 5 1 2 2 4:6 5

18. Рома 5 1 2 2 5:9 5

19. Лече 5 1 2 2 4:8 5

20. Удинезе 5 0 1 4 2:9 1



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...