Барселона посилна од три тима на Реал

Доколку некој 'си земе за право' да напише книга “Како да играте совршен фудбал”, без дилеми едно поглавје би можел да му посвети на 161. „Ел Класико“ и величествената победа на Барселона над Реал (5:0). Светските медиуми се обидоа да понудат што поефективен наслов кој би ги опишал 90 минути уметност на едниот тим и голготата на другиот на “Ноу камп”: “Сензација”, “Мастерклас”, “Исмејани”, “Разбивање”, “Спектакл”...

Најинтересна оценка за играта на двата најдобри шпански тима дал Франческо Тоти, капитенот на Рома, кој не ја пропуштил можноста да го погледне судирот на гигантите во Примера.

"Искрено мислам дека и три тима на Реал во понеделникот да играа против Барселона, повторно немаше да можат да избегнат пораз. Каталонците едноставно беа совршени. Можеби трчаа помалку од противникот, но во секој момент знаеа што да прават со топката. Тоа беше еден од најдобрите мечеви на светот, вистински спектакл, и секогаш е задоволство да се следат такви дуели. Мој впечаток е дека овој тим на Барселона е најсилен на сите времиња, бидејќи имаат одличен тренер и сјајни играчи. Каталонците во овој момент се синоним за сета убавина на фудбалската игра. Затоа не се сомневам дека на крајот на првенството ќе ја освојат титулата." - импресиониран бил Тоти.

Мечот на “Ноу Камп” го следел и селекторот на селекцијата на Аргентина, Серхио Батиста.

"Барселона беше импресивна и со играта заслужи овации. Каталонците во тимот имаат играчи, кои не трчаат по топката, туку размислуваат кога играат фудбал. Тие се интелигентни и го користат мозокот за да стигнат до победата. Имам впечаток дека секој нивен фудбалер беше на вистинското место во вистинско време. За Чави не треба да се трошат зборови, бидејќи тој е компјутер, тој одлучува кога да се тргне в напад, а кога акцијата да се гради од почеток. Зад него е Иниеста, вториот мозок на екипата." - оценил Батиста.

Маурисио Покетино, тренерот на Еспањол, градскиот ривал на Барселона, не го криел воодушевувањето од победата на Каталонците.

"Гледавме фудбалска егзибиција. За време на дербито мислам дека застана цела Шпанија и добар дел од светот. Уживав во шоуто, кое за гледање е најдобро со чаша добро вино." - рекол Покетино.

Победата на Барселона против Реал ги одбележа сите насловни страни на шпанските медиуми. “Спорт” од Барселона во насловот вели дека “Мурињо добил шлаканица”, а во текстот истакнува дека победата може да добие епитет историска. Цел свет виде дека никој не и е дораснат на Барселона, Мурињо и Реал се понижени, оценил известувачот на “Спорт” од Барселона. “Ел Мундо депортиво” насловната страна ја разубави со насловот “Реал је уништен!” “Ас” констатираше “Распарчени на милион парчиња”, додека “Марка” истакнува дека Барса играла како да е од друга планета, но и дека судијата не досудил пенал при резултат 2:0... Политичкиот дневник “Ел Паис” победата на Барселона ја окарактеризира како историска, а играта на Реал - импотентна.

Петте најдобри особини на Чави

1 Мозок - Шпанскиот репрезентативец има неверојатна контрола над играта и визија

2 Пас игра - Без оглед дали е краток или долг, Чави речиси не греши. Во Примера го нарекуваат „Бог на креативноста“.

3 Позиционирање - Тактички совршен, секогаш на вистинско место. Особина која не се вежба.

4 Големи натпревари - Кога е навистина важно, Чави игра беспрекорно. Во тоа е единствен.

5 Тимски играч - Гради игра, проигрувса, постигнува погодоци. Важно му е неговиот тим да победи.

„Ел класико” во бројки

0 порази има Пеп Гвардиола од кога седи на клупата на Барселона.

1 пораз Барселона има од 7. мај 2008. година

2 гола даде Реал во претходните пет меча

5 гола разлика е најголемиот пораз на Мурињо во кариерата

7 наспроти два е најголемата победа на Барселона во историјата

8 наспроти два е најголемата победа на Реал во историјата

16 гола даде Барселона во последните пет дерби мечеви

16 учесници настапиле и како играчи и како тренери

30 пати дербито завршило без победник

31,3 милиони навивачи има Реал во светот

38 фудбалери играле за двата клуба

57,8 милиони навивачи има Барселона во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...