За Ивановиќ и Какута нови договори

Управата на Челзи одлучи да ја продолжи соработката со Бранислав Ивановиќ и талентираниот Гаел Какута. Со овој потег сопственикот на клубот, Роман Абрамович, сака им стави до знаење на сите дека почнува со подмладување на екипата. За продолжувањето на договорот со Србинот се зборува веќе подолго време, но целата работа се одложуваше, што даде сомнеж дека би можел да ја напушти Англија. Иако за него беа заинтересирани Интер, Реал Мадрид и Јувентус, кои нудеа одлични суми, сепак, тренерот Карло Анчелоти во ниту еден момент не помисли да се раздели од него.

Според новиот тригодишен договор Ивановиќ ќе добие зголемување на неделната плата од 40.000 на 70.000 евра.

"Преговорите течат според планираното и ќе бидат успешно завршени", изјави агентот на играчот Владо Борозан.

Инаку, актуелниот договор на Ивановиќ истекува за 18 месеци.

Работата со 19-годишниот Гаел Какута е веќе завршена. Младиот француски напаѓач беше награден со четири и полгодишен договор со неделна плата од 40.000 евра.

"Откако пристигнав во Челзи сонував да стигнам до првиот тим. Сега кога имав неколку настапи посакувам да продолжам да напредувам. Го продолжив договорот бидејќи сметам дека овде е мојата иднина", изјави Какута.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малиот комарец се враќа дома после првиот, пробен лет.
- Како беше сине? - го прашува мајка му.
- Фантастично мамо! Сите ми ракоплескаа.

* * *

Имал Трпе пролив па отишол...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
55. п.н.е.- Римскиот конзул Гај Јулиј Цезар...

1576.- Од епидемијата на чума што ја зафати...

1635.- Умре Феликс Лопе де Вега Карпио,...

1664.- Умре шпанскиот сликар Франсиско де...