Бекам кажа "ДА" на Тотенхем

Дејвид Бекам се наоѓа пред сензационално враќање во Премиер-лигата, меѓутоа не во Манчестер Јунајтед туку во Тотенхем. Менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап, потврди дека клубот почнал преговори со ЛА Галакси околу ангажирањето на Бекс под наем, а што е најважно изјави дека трансферот е реален.

"Точно е дека ги почнавме првите разговори со Бекам за позајмица. Дејвид ни рече дека сака да дојде и да игра за Тотенхем. Затоа мораме да делуваме бргу. Оставив на надлежните да ги одработат преговорите со ЛА Галакси. Се надевам дека ќе бидат успешно завршени", објасни Реднап по победата над Фулам во саботата.

Како потсетување Бекам минатите две сезони за време на зимската пауза во американското првенство двапати играше како позајмен во Милан. Иако претходно изјави дека нема повторно да се сели, сепак, го смени своето мислење и посакува повторно да игра во Европа со оглед на тоа дека се уште не се откажал од амбициите да игра за репрезентацијата.

Тотенхем му гостува на Евертон в среда, меѓутоа доколку се реализира трансферот до 16 јануари тогаш Бекс ќе има деби од соништата, против матичниот клуб Манчестер Јунајтед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...