
Ливерпул испадна од трката по Луис Суарез и Чарли Адам, па во обид да не им пропадне зимскиот преоден рок управата реши да проба да го привлече Нико Крањчар од Тотенхем. Јасно е дека 26-годишниот играч не е во плановите на менаџерот Хари Реднап, кој дозволи да си замине за "разумна" цена. Засега не е сигурно колкава понуда ќе испрати Ливерпул но сигурно Крањчар ќе ги чини помалку од 12 милиони евра колку што Блекпул ги бара за Адам.
Освен "Црвените" за Крањчар се интересираат Евертон и Вердер. Германскиот тим вчера понудил два милиони фунти и чека соодветен одговор, но според наши проценки таа ќе биде одбиена бидејќи се работи за навистина ниска сума.
Крањчар дојде во Тотенхем од Портсмунт во 2009 година не се наметна на првиот тим. Оваа сезона запиша само 11 настапи.