
Прославениот напаѓач на Арсенал, Алан Смит, кој сега работи како ТВ коментатор и како колумнист во Англија, направи интересен состав за кој смета дека би можел да излезе како победник против волшебната Барселона. Тој селектираше играчи од четири земји: Шпанија, Англија, Италија и Германија. Место имаше за фудбалери од шест екипи, а направи формација 4-3-3. Менаџерската улога му ја довери на Мурињо.
Според него ова е состав кој може успешно да и парира на Барселона и да ја победи без проблеми.
ИКЕР КАСИЉАС (РЕАЛ МАДРИД)
Можеби најдобриот голман во светот во моментов. Главен е во тимот на Реал и командант на одбраната. Има многу брзи реакции, но одлично се снаоѓа и при игра во поле.
ФИЛИП ЛАМ (БАЕРН МИНХЕН)
Капитенот на Баерн Минхен доби место во тимот кој може да ја победи Барселона бидејќи е брз. Се мисли на тоа дека се движи многу брзо и може да одигра добро и во нападот и во одбраната.
ДАВИД ЛУИС (ЧЕЛЗИ)
Иако многумина сметаат дека не му е местото во овој тим, сепак, и тој доби место поради неговата брзина, а тоа е многу важно кога се игра против Барселона.
НЕМАЊА ВИДИЌ (МАНЧЕСТЕР Ј.)
На мечот на Вембли одигра добар меч. Направи се што можеше и затоа можеше да го напушти теренот со крената глава.
ЕШЛИ КОЛ (ЧЕЛЗИ)
Се уште е најдобриот лев бек во светот. Одлично се снаоѓа и во нападот и во одбраната, а има покажано дека знае да се снајде против играчите на Барса, па затоа доби место во екипата.
ПЕПЕ (РЕАЛ МАДРИД)
Во финалето од Купот на кралот се снајде одлично во задачата која ја доби од Мурињо. Тој беше изненадување во дефанзивните задачи и одработи точно според советите.
ЧАБИ АЛОНСО (РЕАЛ МАДРИД)
Дејствува многу решително при секоја битка за прва топка, а тоа многу често е решавачко за добра организација на нападот.
ЛУКА МОДРИЌ (ТОТЕНХЕМ)
Доби место пред Весли Снајде во овој тим бидејќи сезонава покажа одлични партии во Тотенхем. Тој е еден од малкуте што многу ретко ја губи топката.
АЛЕКСИС САНЧЕЗ (УДИНЕЗЕ)
Многу интересен играч кого го очекува голем трансфер летово. Чилеанецот игра многу добро со двете нозе и прави многу проблеми за противничката одбрана.
КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (РЕАЛ МАДРИД)
Ако почесто му ја додавате топката тоа се 80 проценти погодоци. Дури и со високи пасови тој знае да излезе како победник со секоја одбрана.
ГЕРЕТ БЕЈЛ (ТОТЕНХЕМ)
Кога е во добра форма, Бејл е неуморен и тешко дофатлив за противниците по левата страна од теренот.
ТРЕНЕР: ЖОЗЕ МУРИЊО
Оваа позиција е за стратегот на Реал. Иако сезонава играше тотално деструктивно против Барселона кога би имал еден ваков соств сигурно би ја сменил тактиката и би играл далеку понапаѓачки.