Парехо, прв избор

Фудбалерот на Валенсија, Даниел Парехо е главна желба на тренерот на "топчиите", Арсен Венгер за преодниот рок кој ќе почне со првиот ден од новата 2012 година.

Според англиските медиуми Венгер е подготвен да плати седум милиони фунти за да го ангажира младиот фудбалер. Веќе се направени и првите контакти. Минатата недела претставници на Арсенал биле во Валенсија каде што се сретнале со менаџерот на фудбалерот, а кај луѓето од Лондон постои големо задоволство од разговорите.

Парехо игра во одлична форма и сето ова го прави еден од играчите кои ќе бидат во центарот на вниманието во јануари по кого може да тргнат и други тимови.

Инаку, Парехо потекнува од академијата на Реал Мадрид и има пет меча за "кралевите" во Ла Лига во сезоната 2008/2009. Пред три години играше кратко за Квинс Парк Ренџерс, а од 2009 до јуни годинава играше за Гетафе. Летово беше дел од младата репрезентација на Шпанија која стана европски шампион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Трпе, зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1769.- Во Ајачио, на Корзика, е роден Наполеон...
1771.- Во Единбург е роден Валтер Скот, шкотски...
1883.- Во Врполе е роден Иван Мештровиќ,...
1893.- Умре Жан Мартин Шарко, француски лекар,...