Торес во Барса, тројца кон Лондон

Фернандо Торес доаѓа на Ноу Камп, а Куенка, Монтоја и Серхи Роберто ќе го следат примерот на Ориол Ромеу и ќе се упатат кон Стемфорд Бриџ во Лондон. Ова е веста која вчера беше во центарот на вниманието во Шпанија и одново дојде од Барселона. Сепак, овој пат е поврзана и со екипата на Челзи. Двете екипи имаат идеја за нова соработка и според информациите работите се речиси готови, па на 31 декември се ќе биде официјално, а играчите ќе се преселат на новите локации.

Иако оваа вест вчера беше пренесена како ексклузивна од страна на "Ел Мундо Депортиво", сепак, има и такви вести кои говорат дека ова е предновогодишна шега. Вчерашниот ден во Каталонија важи како ден на шегата, па дали ова е само измислена вест или има голема вистина ќе се види за време на викендот.

За Торес ова нема да биде непознат терен бидејќи пред неколку години беше лидер во екипата на Атлетико Мадрид. Кога заминуваше во Ливерпул беше посакуван и од Барса, но доколку информацијата не е каталонска шега тогаш желбата на шампионот на Шпанија конечно ќе се оствари.

Според веста која беше објавена вчера од "Ел Мундо" во трансферот треба да бидат вклучени и тројца играчи на Барселона. Од нив најпознат е Куенка, кој веќе успеа да си обезбеди место и во првиот тим на Каталонците. Сепак, не може да биде редовен и затоа Гвардиола му дозволува да замине во желба да добие искуство и доколку продолжи да игра на високо ниво тогаш ќе може да се врати далеку посилен на Ноу Камп.

Десниот бек Монтоја е исто така вклучен во трансферот. Тој потпиша нов договор со Барса пред неколку дена, но дефинитивно за него нема место во првиот тим покрај Алвес, Пујол и Адриано. Серхи Роберто е третиот играч, а тој исто како Монтоја има само неколку настапи во првиот тим и тоа на средби кога се игра со послаби противници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малиот комарец се враќа дома после првиот, пробен лет.
- Како беше сине? - го прашува мајка му.
- Фантастично мамо! Сите ми ракоплескаа.

* * *

Имал Трпе пролив па отишол...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
55. п.н.е.- Римскиот конзул Гај Јулиј Цезар...

1576.- Од епидемијата на чума што ја зафати...

1635.- Умре Феликс Лопе де Вега Карпио,...

1664.- Умре шпанскиот сликар Франсиско де...