Дарко Тасевски повторно го нема во националниот тим

Ако некој од нашите играчи за врска игра во добар клуб, игра стандардно, дава голови, асистира, брка победи и титули, тоа е само и само Дарко Тасевски. Фудбалерот на бугарскиот тим Левски повторно го нема на списокот од селекторот Џон Тошак.

Имињата за дуелот на 29 февруари во Луксембург се објавени. Списокот е траги -комичен и истиот потврдува дека во националниот тим не се знае "кој ора, а кој копа". Циркус колку ти душа сака па затоа и не треба да се заморуваме со амбиции дека може нешто да направиме. Се додека списокот се прави по одредени шеми, математики и интереси кај нас напредок во националниот тим ќе нема. А, Дарко Тасевски со Левски се врати од подготовките во Софија.

"Не би сакал да кажам дека не би сакал да играм за националниот тим. Јас сум тука, но нема никого да молам. Веќе навикнав на ваков третман кон мене од одредени лица по доаѓањето на Тошак. Не би имал против, но кога ќе го видам списокот ми се смее. Ова не е можно, но тоа е и доказ дека не сум и не сакам да бидам дел од никакви шеми и интереси. Јас сум тука, во Левски. Задоволен сум од третманот и игрите во клубот. А тие кои одлучуваат и прават списоци можеби сметаат дека Софија е далеку и не можат да дојдат да гледаат. Можеби да немав клуб и да одев по проби ќе имав поголеми шанси за место во репрезентацијата", истакнува Тасевски, кој потајно се надева пред објавувањето на секој список дека и неговото име ќе биде на истиот.

А средниот ред кај нас е очај со години. Точно дека Тасевски има минат стаж во националниот тим, но не беше толку лош. Имало и полоши од него па тие се уште се во репрезентацијата, но и не играа во клубови кои се во рангот на Левски. За жал, точна е констатацијата за репрезентацијата која ја слушаме деновиве низ кулоарите.

Таа гласи дека Тошак стана хуманитарец па така на списокот ги става оние кои немаат клубови и одат по проби. Како ли само со такви играчи ќе ни одведе на СП во Бразил!?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1941.- Македонскиот поет и револуционер Коле...
1944.- Ослободен е Демир Хисар.
1944.- Президиумот на АСНОМ на својата трета...
1944.- Кај селото Отиштино, титовелешко од...