Нов стадион или реновиран "Ноу Камп"

Раководството на актуелниот првак на Шпанија и на Европа, Барселона, е во двоумење што да прави во иднина со стадионот на кој ќе ги игра натпреварите. Сандро Росел и другите членови на претседателството на клубот се во размислување да се реновира постоечкиот "Ноу Камп" или да се изгради сосема нов ултрамодерен стадион.

Вака би изгледал "Ноу Камп"

И покрај тоа што имаат големи долгови раководството на Каталонците е подготвено да инвестира милиони во изградбата на домот на Барселона. Не е познато колку пари ќе бидат потребни за новата цел, но јасно е дека се работи на проектот кој има рок до 2016 година. Сандро Росел е решен да обезбеди и втор мандат како претседател, а стадионот би бил главен проект.

"Ноу Камп" е стадион кој е домаќин на тимот од 1957 година и постојано се проширува бидејќи неговата конструкција го дозволува тоа. Со оглед на фактот што и овој стадион некогаш е претесен сега се прават напори да биде модернизиран и веројатно проширен, или, пак, да има сосема нов кој ќе создаде простор за доволно голем број фанови на трибините.

Инаку, во својата историја Барселона има играно само на два стадиона. Во 1922 година е изграден "Лес Корт", кој станал тесен со доаѓањето на Ладислав Кубала. Затоа, пак, во 1957 година е изграден Ноу Камп, кој е стадион со најголем капацитет во Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди компјутерџија по улица и му паѓа
цигла на глава.
-Аман веќе од тој тетрис!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1936.- Постигната е спогодба за окончување на...
1972.- Отворени се Дваесеттите олимписки игри во...
1945.- Во Битола бегалците од Егејска Македонија...
1974.- Умре Чарлс Линберг, американски...