Венцислав, Дејан, Камелија и Филип Недеви, како и Софија Јарчевска, беа дел од семинарот во традиционално карате одржан викендот во Коринт, Грција.

Семинарот го водеше Сенсеи Масао Кавазое 9 дан, ученик на легендарниот карате мајстор Хидетака Нишијама основач на традиционалното карате во светот и основач и претседател на светската федерација ИТКФ.
- Дејан Недев, претседател на Македонската традиционална карате федерација, го покани Сенсеи Кавазое да дојде во Македонија и да одржи карате семинар за македонските каратисти. Тој поканата ја прими со големо задоволство и вети дека наскоро ќе ја посети Македонија, информираат од МТКФ.
Сенсеи Кавазое повеќе од 30 години беше дел од техничкиот комитет на ИТКФ заедно со Сенсеи Шираи и Сенсеи Наито. Тој исто така повеќе од 50 години е главен инструктор на Велика Британија кој исто така ја предводеше британската репрезентација на сите европски и светски првенства на ЕТКФ и ИТКФ. Тој е еден од најбараните и најатрактивните карате инструктори во светот со беспрекорна ножна карате техника.