Hennessey Venom GT со 1200 KS

Тјунерите од Тексас се дофатија на најмалиот модел на Lotus и наместо серискиот мотор со 260 KS, му подарија монструозен атмосферски 6,2 литарски V8. Hennessey Performance се прослави со тјунирање на јаките американски возила, а нивниот најнов проект се однесува на сосема друга класа автомобили.

Во малиот Lotus Elise, трансплантирано е срце од Corvette ZR1 – 6,2-литарски V8 LS9 мотор со сила од 640 KS. Купувачите на Venom GT, можат да избираат entry-level ниво на сила од 730 KS или две twinturbo изведби со сила од 1000, односно 1200 KS.

Силата се пренесува преку шестстепенски Ricardo менувач и тоа на задните тркала, опремени со Michelin high-performance гуми. И покрај тоа што во него е вграден масивен V8 мотор, вкупната маса на возилото изнесува 1071 кг, а сето тоа е постигнато благодарение на карбонската каросерија и тркалата.

Петнаесет инчните керамички кочници исто така дава свој придонес, додека за аеродинамиката се грижи активниот аеро-систем со подесувачки заден спојлер и систем на суспензија со регулација во сите параметри.

Дали е ова чиста лудост или пак поставување сосема нови стандарди на гледање на соодносот сила/маса, процените сами, но дефинитивно станува збор за своевидно потврдување на изреката дека отровите се чуваат во мали шишенца.

Производството на Venoma GT е ограничено на 10 примероци годишно, четири веќе се нарачани, а цената за верзијата со најслан мотор од 730 KS изнесува 450.000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Хасо отворил аптека. Еден ден морал да оди на службен пат, па го замолил Мујо да го замени. Кога се вратил Хасо од пат го прашува Мујо.
- Се снајде ли!
- Ееее, како не бе!
- И...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на книжевните преведувачи
- Светски ден на глувите
1846.- Американскиот стоматолог Вилијам Мортон...
1882.- Роден е германскиот физичар Ханс Вихелм...