Вашата омилена боја открива какви сте во кревет

Која е вашата омилена боја? Изберете ја и прочитајте го толкувањето за истата, која ќе ви открие мошно интересни работи за тоа какви сте во кревет, а истото можете да го направете и за партнерот.



Кафеава

Луѓето на кои им е омилена кафеавата боја се вистинско богатство. Нивните чувства се интензивни, тие се топли и многу емотивни и чувствителни на туѓите потреби. Бидејќи се многу сензуални, во секоја доба се подготвени на секс – речиси секогаш. Никогаш не можете доволно да им ја искажете љубовта. Со нив постојано ќе имате романтичните сцени како прегрнувањата пред камин, шетањето на дожд или правење Снешко. Единствено што им е важно во сексот е да имаат доволно време и приватност да се препуштат на страстите. Сепак, сакате сите да ве почитуваат.

Црвена

Луѓето кои ја сакаат црвената боја по правило се многу страсни во кревет. Многу лесно се возбудуваат и сакаат да уживаат на сите можни начини. Тоа вклучува многу експерименти, како и недостаток од табуа. Ако се возбудат, потребни се часови за да се „изладат“. Ако се најдат двајца љубители на оваа боја, ќе дојде до огромна еротика. Овој тип често иницира секс и најчесто е доминантен.

Жолта

Ако вие или вашиот партнер ја обожавате жолтата боја, тоа значи дека вашето либидо е флексибилно, па лесно се прилагодувате на ситуацијата и моменталните чувства. Иако сте страсни, најчесто сте во улога на оние кои сакаат да им угодат на партнерот и настапуваат како пасивна страна. Имаат голем сексуален потенцијал, но ретко доволно се опуштаат да го покажат.

Бела



Љубителите на оваа боја, сексот често го сметаат за табу тема и нешто за што не се зборува во јавност. Тие водат љубов во мрак, немаат многу самодоверба и поприлично се традиционални. Жените кои ја сакаат оваа боја преферираат да имаат секс облечени, додека мажите не ни помислуваат на секс ако пред тоа не се истушираат.

Црна

Оние кои се одлучуваат за оваа боја, најчесто бираат по инерција т.е. немаат волја премногу да размислуваат за поставеното прашање. Освен тоа имаат променливо расположение и најдобро функционираат под притисок. Со оглед дека црната боја не се поврзува со либидото, пробајте да пронајдете друга омилена боја за да откриете какви сте во сексот.

Сина

Љубителите на сината боја се одлични сексуални партнери. Внимаваат на желбите и потребите на другата страна, а водењето љубов го сметаат за уметност. Суптилни се и не се вулгарни. Жените кои ја сакаат оваа боја во целост се препуштаат на сексот, а како и мажите се големи љубители на предиграта без која не можат да го замислат добриот секс. И во бракот се добри партнери, бидејќи се верни.

Сива

Љубителите на оваа боја се многу неодлучни. Дури и изборот на боја зборува за нивната неодлучност, бидејќи сивата боја се доживува како боја која не е претерано изразена. Во сексот не уживаат многу и го доживуваат како „задача“. Најдобро се снаоѓаат со љубителите на оваа боја, бидејќи тогаш нивните потребни се во склад.

Розова



Овие луѓе никако да пораснат, па така и во сексот. Жените кои ја сакаат оваа боја многу кокетираат и сакаат да си играат, додека мажите се вистински женкари. Имаат либидо на тинејџери, а сексот го доживуваат исклучиво како физичка потреба, многу ретко како уживање.

Зелена

Тие се свежи и изгледаат невино во својот пристап. Мажите кои ја сакаат оваа боја често се несмасни во кревет, но тоа делува шармантно и слатко. Нежни се, но не и вистински страсни. Ако го изберете овој партнер, нема никогаш да се грижите дали ќе ви бидат неверни.

Виолетова

Овие личности самите себе се сметаат за премногу софистицирани. Жените не може да поднесат неуредна фризура, а мажите сексот го гледаат како работа. Често повеќе се концентрираат на сопственото влијание отколку на задоволството на партнерот.

Портокалова

Љубителите на портокаловата боја фантазираат на големо. Сексот го доживуваат како филмска сцена во која тие ја имаат главната улога. Мажите кои ја сакаат оваа боја ја влечат партнерката за коса, а од жените ќе имате трагови од нокти на грбот.

Ако сметате дека немате омилена боја, погледнете со која боја сте најчесто опкружени или која боја на облека најчесто ја купувате. Тогаш ќе сфатите и која е вашата омилена боја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби