Работа како и секоја друга: Колку заработуваат порно актерите

Најверојатно некогаш кога сте гледате порно филм сте се запрашале: Колку заработуваат актерите при снимање на еден филм?



Иако порно индустријата се уште е табу-тема за која многу малку се знае, под истата мистериозност се и хонорарите на актерите. Дел од порно изведувачите проговорија за странските медиуми и ги открија  сумите на таинствени хонорари.

Според нив, просечна порно актерка обично заработува од 800 до 1.000 долари по филм. Хонорарот на „новајлиите“, кои влегуваат во порно бизнисот е околу 300 долари. Оние кои се подобро познати на публиката, актерките со звучни имиња, може да заработат од 1.500-2.000 долари од филм.



Доколку се подготвени за необични и „егзибиционистички“ сцени (на пр. двојно пенетрирање),  цената скока од 1.800 - 2.500 долари.



Мажите во светот на порно индустријата се малку подискриминирани во однос на жените. Машка порно ѕвезда заработува помалку од 500 до 600 долари. Оние со звучни имиња добиваат и до 1500 долари. Најмногу се платените мажите кои снимаат геј сцени. Тие заработуваат околу 5.000 долари од филм.



Доколку мислевте дека порно филмовите немаат сценарио, тогаш сте се излажале. Сценаристите за нивната работа добиваат помеѓу 250 и 400 долари, додека камерманите од 500 до 700 долари, но ако се вешти во снимањето, можат да заработат и до 3.000 долари.

Одговорните за шминката на актерите заработуваат околу 500 долари за нивно целодневно присуство на снимањето, а пак оние кои не сакаат цел ден да „висат“ на сетот наплаќаат помеѓу 100 и 150 долари по нашминкано лице.

Во статијата како заклучок стои: На крајот на краиштата, под претпоставка дека актерите имаат пристоен агент, платата на изведувачот се сведува на три нешта, од кои две се во нивна контрола. Нивната работна етика и ангажираноста, нивната желба за работа и нивната популарност. Постои, сепак, уште еден фактор што треба да се земе во предвид: нивната „долговечност“. Порно индустрија е таа која го „џвака“ и „плука“ изведувачот. Многу се повлекуваат уште од првата сцена или по неколку месеци. Некои остануваат со години, но потоа исчезнуваат. Малкумина се тие кои ја избрале ова работа за да го достигнат врвот на кариерата како пандан на оние во традиционалниот свет кои се обидуваат да станат најуспешни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби