10 грешки поради кои кондомот е бескорисен

Презервативите се основното средство кое нè штити од несакана бременост и полово преносливите болести. Но, неговата функцијата е потполно бескорисна доколку неправилно го употребуваме.

Предоцна ставен презерватив – многу мажи го ставаат презервативот дури откако ќе почувствуваат дека се пред свршување. Од друга страна малкумина знаат дека во пенисот може да остане сперма по последователно свршување и истата да биде доволна за оплодување.

Превртен презерватив – иако ова звучи бесмислено праксата покажала дека некои припадници на посилниот пол го ставаат кондомот од погрешната страна со што го зголемуваат ризикот од негово пукање.

Два презервативи од еднаш – причината поради која некои двојки ставаат два кондоми е во тоа да бидат позаштитени. Но, вистината е дека на овој начин кондомите полесно може да прснат, а во исто време мажот губи секакво чувство во пенисот.

Прерано ставен презерватив – мажите не би требало да го ставаат презервативот на пенис кој се уште не во полна ерекција бидејќи заштитното средство нема добро да се прилепи за него.

Предолго оставање на презервативот – некои парови сакаат за кратко да се одморат по љубовната игра, па мажот го остава кондомот на себе. Сепак, не знаат дека додека седат така спермата може да ја иритира кожата, но и да остане во пенисот, па при следната партија на секс да дојде до оплодување.

Одмотување на презервативот во рака – ваквиот начин на користење на кондомот го отежнува неговото ставање и лесно може да доведе до пукање.

Презервативи со поминат рок на траење – после предвидениот рок на траење латексот се суши со што поголеми се шансите да се создадат пукантини.

Погрешна големина – избирањето на погрешна големина доведува до пукање или до свлекување од пенисот

Повторно користење – ова е најглупавата работа што можете да ја направите.

Игнорирање на неправилностите – доколку забележите дека кондомот не изгледа како што треба заменете го. Ако по сексот почувствувате дека од некаде протекла сперма веднаш употребете дополнителна заштита.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби