Секс-рулет журки: Наместо куршуми, ХИВ

Оргии кои се познати како „секс-рулет“ станаа многу популарни во Шпанија. Имено, еден од учесниците е ХИВ позитивен, а другите не знаат кое е лицето кое може да им го пренесе вирусот, предупредуваат лекарите.



Таквите забави обично се организирани од хомосексуалците, но не се исклучок ниту хетеро и бисексуалните  парови. Единствено нешто што ги поврзува е  возбудата од неизвесноста дали партнерот со кој имаат секс е ХИВ позитивен или не.

Шпански лекари велат дека на овие забави учесниците земаат и антивирусни лекови за да го намалат ризикот од пренос на вирусот, но таквото однесување е повеќе од неодговорно.



- Луѓето го имаат изгубено стравот од ХИВ вирусот. Особено загрижува фактот дека 24 отсто од младите помеѓу 15 и 25 години воопшто не се плашат од ХИВ. Сè и сешто се случува: Секс, забава, лудории, место каде рулетот може да ви донесе „добивка“ на  ХИВ, вели д-р Хозе Малолас од клиника во Барселона за списанието Перодико.

Минатата година, во интервју за српскиот локален весник „Телеграф“ стриптизета која наводно се вика Тијана изјавила дека во Србија е популарен „словенечки рулет“, кој ги има истите правила како и секс рулетот во Шпанија. Воедно и англискиот таблоид „Метро“, пишува дека овој вид на „забава“ потекнува токму од Србија.



- Оваа бизарна варијанта на оргии е многу популарна кај љубителите на екстремниот секс. Луѓето кои доаѓаат се со маски, а еден од нив е заразен со ХИВ вирус. Богатите, организираат вакви секс забави за тајкуните во Србија. Овие луѓе ги возбудува ризикот од тоа дали имаат секс со ХИВ-позитивен партнер , пишува „Метро“ повикувајќи се на изјавата на српската стриптизета.

Лекарите во Барселона апелираат до сите кои се впуштаат во ризични сексуални односи, редовно да користат кондом.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби